Бошњаковски: Не се доведува во прашање одржувањето на владината седница меѓу Македонија и Бугарија

Од:

Владиниот портпарол Миле Бошњаковски денеска изјави дека ни најмалку не се доведува во прашање одржувањето на заедничката владина седница меѓу Македонија и Бугарија по последните изјави на бугарскиот вицепремиер и министер за одбрана Красимир Каракачанов и бугарскиот европратеник Андреј Ковачев.

Одговарајќи на новинарско прашање по редовната прес-конференција, Бошњаковски нагласи дека заедничката владина седница ќе се одржи, но оти се уште не е утврден датумот.

– Се договараат деталите, а датумот во овој момент не е потврден. Дополнително премиерот во понеделник оди во Бугарија на отворање на голем инфраструктурен проект автопатот Благоевград-Кула, што има крак кон Берово. Регионалната соработка не само што зајакнува, напротив ќе се одржи владината седница. Во моментов датумот не е утврден и нема апсолутно никакви дилеми дека седницата ќе се одржи, истакна Бошњаковски.

Владините портпароли денеска на прес-конференција информираат дека се очекува да се одржи и првата заедничка владина седница меѓу Македонија и Србија. Се очекува утврдување на точниот датум на одржување.

Би можело да ве интересира

Владата ќе формира Национален комитет за заштита и безбедност на новинарите

(ВИДЕО) Младеновска: Владата плаќа 350 милиони евра годишно за камати, повеќе отколку за социјална помош

СДСМ: Нема субвенции, нема откуп, нема мерки – земјоделците се оставени на цедило

Горан Наумовски

ДУИ: Македонија остана надвор од плановите на ЕУ за проширување, одговорноста е на Владата

Левица: Владата на Мицкоски признава фискален неуспех – ги промаши проекциите, ги крати инвестициите и ја задолжува државата

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски