Борис Георгиевски нов претседател на Советот за развој на Скопскиот плански регион

Од:

Градоначалникот на Општина Гази Баба Борис Георгиевски е избран за претседател на Советот за развој на Скопскиот плански регион (СПР) на денешната конститутивна седница.

Новоизбраниот претседател на Советот Георгиевски посочи дека негова цел ќе биде вистинскиот рамномерен развој на регионот со акцент на руралните региони.

– Ќе работиме отворено и транспарентно со крајна цел подобрување на условите на граѓаните во сите општини. Идната соработка на општините од СПР ја гледам во изготвување на развојна стратегија и програма за развој на регионот, акционен план за имплементација, како и стручна и техничка помош на локалните самоуправи и поттикнување на меѓуопштинската соработка, рече Георгиевски.

Заменикот министер за локална самоуправа Дејан Павлевски, рече дека вкупниот буџет за рамномерен регионалан развој за 2018 година е околу 6 милиони евра од Министерството и Бирото за рамномерен регионален развој.

Би можело да ве интересира

Скопските градоначалници најавија кривична пријава за Арсовска доколку не се реши состојбата со комуналната хигиена

Скопскиот плански регион: Град Скопје да размисли општините сами да ја одржуваат комуналната хигиена

Орце Костов

ВИДЕО: Се спрема отповикување на градоначалниците недомаќини, општините пак во долгови од над 75,7 милиони евра

Маја Илиевска-Пачемска

Мицкоски: Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ отпочнаа 1096 проекти за нецели 100 дена

Градоначалниците на СДСМ преку тендери го оштетувале буџетот и приватниот сектор обвинува ВМРО-ДПМНЕ

Само Пехчево и Росоман со нови кандидати – стари градоначалници од СДСМ во трка за нов мандат

Мери Јордановска