Борче Митревски кандидат за градоначалник на Петровец од ВМРО-ДПМНЕ

Од:

Актуелниот градоначалник и кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за претстојните локални избори за општина Петровец, Борче Митревски денеска ја презентираше својата предизборна програма.

– Деведесет отсто од програмата која ја понудив на минатите локални избори е реализирана. Мислам дека го оправдав тоа што го ветив, па затоа сега довербата од граѓаните ќе ја барам врз основа на реализираните проекти, потенцира Митревски во своето обраќање на презентацијата на програмата.

Приоритет за претстојните локални избори, нагласи, ќе биде реализацијата на проектите за подобрување на квалитетот на живеењето на жителите и создавањето поволни услови за привлекување нови инвестиции.

– Невработеноста во општината ќе ја сведеме на минимум. Во мултифункционалната зона Чојлија досега има 57 инвестиции, од кои шест странски и 51 домашни. Петровец доживува градежна експанзија. И во наредниот период ќе продолжиме да работиме со несмален интензитет. Само во зоната ќе се отворат нови 200 работни места, рече Митревски.

Потсети на дел од реализираните проекти и истакна дека се реконструирани патиштата и училиштата во сите населени места. Покрај тоа, додаде, изградени се нови фудбалски игралишта.

Би можело да ве интересира

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди на 2 ноември

Последен ден од изборната кампања за градоначалници за вториот круг од локалните избори

Вилдерс без мнозинство, Јетен бара стабилност – Холандија се соочува со сложени преговори за влада

(ВИДЕО) Мицкоски: Изборниот процес се одвива мирно и достоинствено, очекувам да прогласиме уште една историска победа

Горан Наумовски

Излезеноста до 15 часот 31,16 отсто, ист одзив има и во Град Скопје

Горан Наумовски

МВР: Во Прилеп уапсени се две лица поради „поткуп при избори и гласање“