Бонева, Срцев и Прекопуца не ги вратиле парите во буџетот

Од:

Виолета Дума, Игор Милев, Субхи Јакупи и Атанас Урумов, сега веќе поранешни членови на ДИК, вратиле пари во буџетот, откако претходно си доделија бонуси во износ од четири плати, покажуваат податоците на министерството за финансии. Меѓу нив е и сè уште актуелниот член на Комисијата, Ермира Асани Салија, која доби надоместок од две плати.

Од Министерството не откриваат колкава е вкупната сума која е вратена во народната каса, а на листата не се имињата на Силвана Бонева, Сашо Срцев и Реџеп Прекопуца. Експретседателот на ДИК, Александар Чичаковски, веќе ги донира средствата од бонусот во износ од 260.000 денари во граѓанската организација „Полио плус“ за проекти поврзани со унапредување на правата на лицата со хендикеп.

Оставки од ДИК поднесоа сите осуммина членови, како што наведоа од лични причини, а претседателот на Собранието, Талат Џафери, истите ги констатираше минатата недела. Оставките следуваа по силниот притисок на јавноста за бонусите во износ од четири плати кои тајно си ги доделиле за ангажманот за локалните избори во октомрви.

Информацијата за бонусите ја обелодени американскиот амабасадор Џес Бејли, а членовите на ДИК се правдаа дека нема ништо нелегално во тоа, додека за нетранспарентноста ја обвинија службата за односи со јавност, која не ја објавила информацијата.

Платите на членовите на ДИК се движат од 1.000 до 1.200 евра. Изборниот законик им овозможува тие да добијат дополнителен надоместок за ангажман за изборите. Па, така, за парламентарните избори во 2016 година зедоа пет дополнителни плати, а во март истата година зедоа бонус од три плати за закажаните избори што се одложија.

Би можело да ве интересира

ДИК ги објави конечните резултати за Скопе и 29 општини

Катерина Ѓуровски

ДИК: До 17 часот гласале 39,28 проценти, во Скопје 28,52

Предраг Петровиќ

ДИК: Излезеноста на вториот круг од изборите до 9 часот е 2,88 проценти

Предраг Петровиќ

ДИК: Денешното гласање се одвива непречено, разгледани приговори и потврден бројот на набљудувачи

Кондарко: Да се почитува изборниот молк, граѓаните да можат слободно да го остварат правото на глас

ДИК ги објави конечните резултати за избор на советници во сите општини и Град Скопјe

Горан Наумовски