Бонева: Го сервисирав возилото поради километражата и сообраќајките, тоа е потврда дека сум патувала

Од:

Фактури за поправка на возилото на експратеничката Силвана Бонева се изведуваат пред судот во случајот „Друмарина“, а обвинетата смета дека тие докази и одат во прилог на неа, а не на Обвинителството. Артан Ајро, кој го застапува случајот, со 53 фактури докажуваше Бонева незаконски присвола над 100 илјади евра кои и се исплатени во Собранието со фискални кои и ги давале други лица. Бонева, која е обвинета дека сторила измама, смета дека фактурите покажуваат само дека во континуитет патувала, а последица на тоа се и сообраќајките кои ги доживеала.

„Денес се изведуваа доказите на Обвинителството меѓу кои имаше 53 фактури и тоа само од еден овластен сервис, кои го потврдија континуираното мое патување, поправките и сервисирањата на моето возило, вклучувајќи ги и поправките по деветте сообраќајки што ги доживеав во периодот 2011-2015. Апсурдно е СЈО да ме обвинува дека воопшто не сум патувала а во исто време да поднесува докази со кои потврдува дека континуирано сум патувала, дека речиси секој месец возилото било сервисирано поради поминатата километража и поправано поради големиот број на сообраќајни незгоди“, напиша Бонева.

Бонева смета дека на рочиштето за „Друмарина“ се потврдила неоснованоста на обвинението кое и го покрена поранешното СЈО. Бидејќи обвинителот Ајро ја гони и за тоа дека од почетокот на 2011 имала сместување во Скопје, а приложувала фискални од патарини од други лица кои патувале, Бонева смета дека фактурите го кажуваат спротивното.

„Со тоа и после денешното рочиште се потврди неоснованоста на обвинението на СЈО дека од 2011 до 2015 год сум била сместена во Скопје, дека не сум патувала и дека сум ги измамила службите на Собранието дека сум патувала!“, додава Бонева.

Таа за „А1он“ дообјасни дека овие фактури кои се доказ на Обвинителството, не се платени од Собранието. Случајот се наоѓа во доказна постапка. Докази сега изведува Обвинителството, а потоа и обвинетата Силвана Бонева.

Би можело да ве интересира

Силвана Бонева ослободена од обвинението за патните трошоци

Горан Наумовски

Бонева во изолација, случајот „Друмарина” одложен за 10 мај

Ана Ололовска

Ново рочиште за „Друмарина“

Ново рочиште за случајот „Друмарина“ закажано на 4 март

Катерина Ѓуровски

Ново рочиште за случајот „Друмарина“ закажано на 4 март

Ана Ололовска

Во Кривичниот суд продолжи судењето за „Друмарина“

Ана Ололовска