БОМ ТВ со писмо до СРД: Ги поседуваме сите дозволи

Од:

Пред денешната седница на Советот за радиодифузија, од БОМ ТВ, Satellite Community television Inc од Австралија, до оваа институција упатија известување со кое ја докажуваат легалноста и легитимноста на своето постоење, како и неспорниот статус на телевизиските канали што се емитуваат во земјава.

Известувањето потпишано од сопственикот на оваа фирма, дојде по информацијата дека врз основа на претставка од граѓанин, Советот за радиодифузија денеска ќе расправа за евентуална забрана за телевизиите сопственост на австралиската компанија, БОМ ТВ и К15 мјузик.

Satellite Community television Inc, бара од СРД и повеќе информации за поднесувачот на претставката, со цел покренување на сите правни средства заради нанесување штета врз угледот на компанијата.

„Лицето, П. Николов во претставката до СРД навел дека дозволата на БОМ треба да биде одземена бидејќи телевизијата работи без регистрација, а фирмата сопственик била банкротирана, што е невистина“, се вели во соопштението на Satellite Community television Inc.

Известувањето на австралиската фирма до Советот е испратено вчера, а во продолжение следи писмото во целост.

„Почитувани,

Врз основа на сознанијата стекнати од нашите бизнис партнери во Македонија кои сеоднесуваат на потребата од истражување на легалноста на нашите телевизиски канали би сакале да Ве информираме дека Satellite Community television Inc е регистрирана во 2005. година во согласност со позитивните правни норми на Австралија. Како потврда за легалноста и легитимноста на нашата компанија Ве информираме дека ги поседуваме сите дозволи за broadcasting издадени од Australian Communications and Media Authority. Истите се само потврда на она што претставува наша примарна цел да создадеме телевизиски провајдер кој ќе ги применува сите светски технолошки достигнувања за да понуди квалитет на нашите гледачи.

Дополнителна сатисфакција ни претставува и фактот што повеке од стотина кабловски,сателитски и ип провајдери ширум светот ги емитуваат нашите телевизиски канали, а со тоа укажуваат на довербата која ја имаат во нас и нашиот квалитет. Преку емитување на телевизиските канали Мис ТВ, БОМ ТВ и К15 ТВ обезбедуваме програма која е атрактивна за различни генерации што ни е дополнителен мотив да вложуваме во нејзиниот перманентен развој. Сите информации поврзани со издадените дозволи на име на нашата компанија можете да ги проследите на линкот на Australian Communications and Media Authority (www.acma.gov.au)

Искрено се надеваме дека ова известување ќе Ви биде од корист при Вашето разгледување на правната основа за постоењето на нашата компанија. Доколку сепак Ви се потребни дополнителни информации слободно контактирајте не, а ние Ви стоиме на располагање за доставување на сите податоци кои ќе ни бидат побарани.

Со почит, Satellite Community television“

Би можело да ве интересира

Директорката Иљази им забрани на вработените на Токсикологија да даваат изјави за медиумите

A1on

Костадиновска-Стојчевска: Покажавме како се почитува слободата на медиумите, „Репортери без граници“ го потврди тоа

А1он

Во медиумите во Македонија работат 2.100 луѓе, 20% од редовно вработените се во онлајн медиуми

A1on

Собранието го донесе Законот за медиуми и други закони

Горан Наумовски

Главна цел на измените на Законот за медиуми треба да биде законската регулација на интернет порталите

Ковачевски: Им се извинувам на медиумите, не сакам да се им се случи она што се случуваше до 2016

A1on