ВИДЕО: Боки 13 виде со какви докази ќе го гони Русковска, полицијата го врати во затвор

Од:

По четири часа поминати во Обвинителството за организиран криминал, Бојан Јовановски познат како Боки 13 виде со какви докази располага обвинителката Вилма Русковска против него за случајот “Рекет”. На првоосомничениот Боки 13, кој дојде заедно со неговиот адвокат Сашо Дуковски им биле презентирани материјали со кои Русковска ќе докажува негова вина пред судот, откако ќе покрене обвинение. Обвинителството претходно соопшти дека има собрано вербални и материјални докази, заедно со аудио и видео снимки. Дополнително, во предистражната постапка биле спроведени и ПИ мерки.

Според најавата на адвокатот Дуковски по понеделникот, Боки 13 во наредните денови ќе даде исказ пред Русковска како првоосомничен во постапката, а потоа, ќе достави и докази со кој ќе докажува дека е невин во случајот “Рекет”.

По завршениот увид во Обвинителството, полицијата го спроведе Боки 13 назад во затворот “Скопје”.

Бранителот на Боки 13 во понеделникот најави дека ќе бараат осомничениот да излезе од притвор, бидејќи, примиле известување дека истрагата е завршена, а со тоа се исклучува можноста да влијае врз сведоци. Дополнително, Дуковски потенцираше дека ослободувањето е потребно поради како што рече животно загрозувачката состојба во која се наоѓа неговиот клиент.

Увид во доказите утре ќе прави тетоосомничената во случајот „Рекет“, поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева. Второосомничениот Зоран Милевски-Кичеец ќе биде пуштен во домашен притвор.

Обвинителството за организиран криминал и корупција го отвори случајот „Рекет“ во јули годинава, против Бојан Јовановски-Боки 13 и Зоран Милевски-Кичеец, за потоа истрагата да се прошири и против Катица Јанева.

Би можело да ве интересира

Маж од Битола и се заканувал и изнудувал пари од сограѓанка

Притворен рекетар од Скопје кој од жртвата барал 180.000 евра

Ниту измените во Кривичниот законик, ниту најавената амнестија не ја опфаќаат Катица Јанева

Приведени две лица за изнуда, поднесена кривична пријава

(АУДИО) Русковска не знае дали е таа на новите бомби за кои кажа дека се од „Рекет“, па сега не знае што врска имаат со предметот

Кристијан Ландов

Караници меѓу сестрата на Камчев, Боки 13 и адвокатот, судијата смируваше: „Тужи ме колку сакаш“

Кристијан Ландов