Боки-13: Прво селфи во слобода по четири години затвор

Од:

Македонскиот шоумен Бојан Јовановски, попознат како Боки 13, неодамна излезе од затворот „Идризово“ во Скопје.

Toj го објави првото селфи по излегувањето од затвор. Боки посети црква во Скопје, а потоа на своите следбеници на социјалните мрежи им се обрати со зборови на благодарност.

– Прво селфи во слобода по четири години затвор. Боже на помош, прво и основно здравје, па после се ќе си дојде на свое место. Им благодарам на сите добронамерни луѓе за поддршката и убавите зборови во периодот кој сега е зад мене. Слобода! – рече Боки.

Инаку, тој неодамна беше хоспитализиран, но очигледно сега е малку подобро, па слободното време го посвети на молитва и посета на цркви.

Бојан Јовановски, попознат како Боки 13, беше уапсен во акцијата „Рекет“, а потоа осуден бидејќи уценувал одредени моќни и влијателни луѓе во Македонија и од нив барал огромни суми пари. Во 2020 година е осуден на девет години затвор во Скопје.

Би можело да ве интересира

Апелациониот суд Скопје ја објави пресудата за Боки 13

Катерина Ѓуровски

Апелациониот суд ја преиначи пресудата за Боки 13 во случајот „Рекет“

А1он

Боки 13 ги отфрла наводите за пријавата за загрозување на сигурноста, демнење и лажно пријавување

Катерина Ѓуровски

Апелација ја укина пресудата за „Меѓународен сојуз“, случајот се враќа на повторно судење

Одбраната на Боки 13 бара укинување на пресудата за „Меѓународен сојуз“

Бојан Јовановски: Со оваа здравствена состојба не можам да бидам во затвор