(ВИДЕО) Боки 13: Постојано повраќам и не можам да го следам судењето

Од:

Бојан Јовановски – Боки 13 побара да се одложи првото рочиште за „Рекет“, бидејќи како што рече не е свесен, не е контактибилен, повраќал десет пати утринава и не е во можност да го следи судењето.

„Имам желба активно да учествувам во судскит процес, но едноставно не сум во состојба“, рече Боки 13.

До судот беше доставена и документација од затворскиот лекар кој констатирал дека Јовановски постојано повраќа, чувствува тензија има вртоглавици, а во два наврати било констатирано дека состојбата му е животнозагрозувачка.

Неговиот адвокат Сашо Дуковски рече дека за здравствената состојба на Јовановски укажуваат со месеци.

„Не сакам да се има впечаток дека го одолговлекуваме судењето, но еве видете го човекот како изгледа. Терапијата му е прекината и не е точно дека му се дава било каква терапија“, рече адвокатот на Боки 13.

На ова се спротивстави обвинителката Вилма Русковска, која рече дека медицинската документација од болницата „8 Септември“ укажува дека Јовановски не е во животнозагрозувачка состојба.

„Ниту еден доктор не би си ја ризикувал лиценцата. Сметам дека со ова сакаат само да ја одолговлечат постапката“, рече Русковска.

По ова советот се повлече и за 20-тина минути ќе донесе одлука дали ќе се продолжи судењето за „Рекет“ или ќе биде прекинато.

Во судот е повикан доктор за да го прегледа Јовановски.

Би можело да ве интересира

Ниту измените во Кривичниот законик, ниту најавената амнестија не ја опфаќаат Катица Јанева

Приведени две лица за изнуда, поднесена кривична пријава

(АУДИО) Русковска не знае дали е таа на новите бомби за кои кажа дека се од „Рекет“, па сега не знае што врска имаат со предметот

Кристијан Ландов

Караници меѓу сестрата на Камчев, Боки 13 и адвокатот, судијата смируваше: „Тужи ме колку сакаш“

Кристијан Ландов

Сестрата на Камчев за позајмените пари: Планира да ми ги врати, досега не ме изиграл

Кристијан Ландов

Врховен им ги потврди затворските казни на Катица Јанева и Бојан Јовановски за „Рекет“

Кристијан Ландов