Боки 13 однесен во затворот „Идризово“ на издржување на деветгодишната казна

Од:

Бојан Јовановски од домашен притвор е однесен во затворот “Идризово” на издржување на деветгодишната затворската казна за случајот “Рекет”. Тој е спроведен од страна на полицијата и е сместен во приемното одделение на затворот. Во идните денови ќе се направи и проценка на ризик, по што, треба да биде префрлен во друг дел на затворот. Решението за упатување за изржување на казната е изготвено попладнево.

Од Кривичниот суд велат дека упатниот акт за Катица Јанева, осудена на седум години, ќе го изготви судија од судот во Гевгелија. Потоа и таа од домашен протвор ќе биде спроведена во затвор.

“Воедно предметот ќе биде доставен и до судија за извршување снакции при Основниот суд во Гевгелија надлежен според место на живеење за понатамошно постапување за ќе обвинетaта Катица Јанева”, велат од судот.

Јовановски е во добра здравствена состојба, потврди и директорот на затворот “Идризово”, Јовица Стојановиќ за “А1он”.

Би можело да ве интересира

Одбраната на Боки 13 бара укинување на пресудата за „Меѓународен сојуз“

Бојан Јовановски: Со оваа здравствена состојба не можам да бидам во затвор

Боки-13: Прво селфи во слобода по четири години затвор

Горан Наумовски

Боки 13 пуштен на слобода: Затворската казна во прекин поради лошата здравствена состојба

Александар Тодески

Боки 13 уште е во болница, Апелација ја одложи јавната седница за „Меѓународен сојуз“

Катерина Ѓуровски

Боки 13 е на операција за отстранување на желудникот

Катерина Ѓуровски