ВИДЕО: Боки 13 одбил да даде исказ пред Русковска, барал да ги види доказите

Од:

Заврши распитот на Бојан Јовановски кај обвинителката Вилма Русковска за случајот „Рекет“. На распитот, кој траеше еден час, Боки 13 одбил да даде исказ пред Русковска бидејќи не му биле презентирани доказите прибавени од Обвинителството, дознава „А1он“.

Боки 13 беше приведен на 15 јули годинава на граничниот премин Богородица при обид за бегство поради сомнение за изнудување пари од бизнисменот Орце Камчев. Од страна на судот му беше одреден триесетдневен притвор, кој потоа му беше продолжен. Според истрагата што ја води Русковска, Боки 13 заедно со Зоки Кичеец во два наврати зеле 1,5 милион евра од побарани осум милиони евра со ветување дека преку ексшефицата Катица Јанева ќе ја запрат истражната постапка или ќе му ја олеснат положбата во постапката.

Во изминатиот период во врска со овој случај во Обвинителството беа повикани бизнисменот Силјан Мицевски, водителката Лила Филиповска и пратениците Фросина Ременски и Александар Кирацовски, претседателката на Собранието на Меѓународниот сојуз, Агапи Дика, и бизнисменот Зоран Азманов.

Утре на распит ќе биде донесена ексшефицата на СЈО, Катица Јанева, која исто така се наоѓа во притвор.

Минатиот месец на распит кај Русковска беше и второосомничениот Зоран Милевски – Кичеец. Тој три часа се задржа во Обвинителството, користејќи го своето право да се брани со молчење.

Би можело да ве интересира

Притворен рекетар од Скопје кој од жртвата барал 180.000 евра

Ниту измените во Кривичниот законик, ниту најавената амнестија не ја опфаќаат Катица Јанева

Приведени две лица за изнуда, поднесена кривична пријава

(АУДИО) Русковска не знае дали е таа на новите бомби за кои кажа дека се од „Рекет“, па сега не знае што врска имаат со предметот

Кристијан Ландов

Караници меѓу сестрата на Камчев, Боки 13 и адвокатот, судијата смируваше: „Тужи ме колку сакаш“

Кристијан Ландов

Сестрата на Камчев за позајмените пари: Планира да ми ги врати, досега не ме изиграл

Кристијан Ландов