Во продолжението на судењето за предметот „Рекет“ беа презентирани докази од обвинителството, меѓу кои беше пуштена снимка од необјавена емисија „Инсајдер”, а презентирани беа и фискални сметки од обвинетиот Бојан Јовановски од 2019 година за облека што ја купувал од брендирани бутици во Италија.
Сметките, преку 20, се на износи од 300 до 9.000 евра и повеќе. Вкупниот износ е 148.000 евра, потрошени за три дена во Италија.
Во доказите беа презентирани и извештаи од вештачењето од мобилните телефони на Јовановски за комуникација на Ватсап меѓу Боки и Катица Јанева на која и праќал слики од мебелј и ја известил дека е стигнат.
Во некои од презентираните пораки, Јордан Камчев му праќа слики на Боки 13 со покана од ЈО и од одлуки, а прочитани беа пораки и од комуникацијата меѓу нив каде во една Камчев му вели на Јовановски дека гаранцијата е дуќанот „Сваровски“ на плоштад, и уште еден деловен простор.
Пратеничката Фросина Ременски, пак, му испратила порака на Боки 13, „наводно утре ќе одлучувале за жалбата на Орце”, а Боки и одговара „ок”.
Почитани беа пораки и од комуникација меѓу Боки и Дејан од „Пелистерка“ каде се допишуваат за некои судски решенија и за пари за кои дел биле префрлени, а дел ќе се префрлат.