Боки-13 ќе ја даде својата одбрана во случајот „Рекет”

Од:

Судскиот предмет „Рекет” против обвинетите Бојан Јовановски – Боки 13 и Катица Јанева, влегува во својата завршница. После многу презентирани докази од страна на обвинителството и одбраната на денешното рочиште за „Рекет”, својата одбрана е предвидено да ја даде обвинетиот Боки 13, односно обвинетата Катица Јанева.

На последното рочиште за овој случај во дополнение на доказна постапка одбраната презентираше неколку доказни материјали, меѓу кој остави впечаток кривичната тужба поднесена од страна на Јанева, против Боки-13, на незаконско снимање. Истовремено одбрана на Боки-13 реагираше дека судечкиот совет не ги прифатил како сведоци поранешниот премиер Зоран Заев и поранешниот директор на УБК, Горан Николовски.

Судењето за предметот „Рекет”, почна во декември минатата година. На првото рочиште второобвинетитот Зоран Милевски – Кичеец ја прифати вината и доби осудителна пресуда од три години затвор. На Милевски пред неколку недели му беше укинат и куќниот притвор.

За овој случај Обвинителство за борба против организираниот криминал и корупција, обвинитетите Боки 13 и Катица Јанева ги товари дека со умисла го рекетирале бизнисменот Јордан Камчев (обвинет во предметот „Империја”) за да му се укине мерката притвор во наведениот предмет.

Би можело да ве интересира

Полицијата уапси турски државјани кои рекетирале сонародник, од жртвата барале 40.000 евра

Горан Наумовски

Сакал да го рекетира градоначалникот на Неготино, па му пишувал смртни закани

Горан Наумовски

Истражителите уапсија рекетар од Битола: Од познаник сакал да земе 2.000 евра

Горан Наумовски

Уапсени се двајца скопјани кои изнудиле 300.000 евра од кумановец во период од осум години

Охриѓанка за четири години од жртва земала 731.000 евра

Двајца мажи барале 5.000 евра „рекет“ од стоматолог