Боки 13, Јанева и државата нема да му го вратат милионот на Камчев, судот ја отфрли тужбата на бизнисменот

Од:

Судијата Андреј Димовски го одби тужбеното барање на бизнисменот Орце Камчев, кој бараше од Бојан Јовановски-Боки 13, Катица Јанева и државата, да му вратат 1,5 милиони евра. Според судијата, Камчев не е оштетен, додавајќи: „Странката која дејствувала несовесно (Камчев), не може да го бара назад она што го дала на странката (Бојан Јовановски, Катица Јанева) која дејствувала исто така несовесно“.

„При одлучувањето, дилемата пред која беше исправен судот беше дали може да се пружи судска заштита на оној кој се повикува на сопствениот дигнитет. Со други зборови, дали може да се заштити тужителот кој знаел дека презема дејствие кое е недопустливо од аспект на законските норми. За оваа дилема, судот го примени начелото ‘никому не може да се дозволи сопствените недопустливи постапки да чини основ за судска заштита’. Кога некој ќе преземе обврска врз основа на договор кој е спротивен на првните прописи, таа обврска не е правно важечка. И тоа, обврската постои како натурална облигација, но странката не може да го бара назад она што го дала врз основа на натурална облигација“, објасни судијата Димовски.

Тој беше дециден дека пари или предмети може да бараат единствено од странка која постапувала совесно.

„Странката која дејствувала несовесно, односно знаела дека чини нешто што е недопустливо, не може да го бара назад она што го примила странката која дејствувала исто така несовесно. Предметите кои се дадени се одземаат во корист на државата. Кривичниот законик предвидува случаи кога конфискуваното му се враќа на оштетениот, меѓутоа, ова не е таков случај. За конкретното кривично дело, примање награда за противзаконито влијание, природата на кривичното дело и лицата инволвирани во кривичното дело, за нив Кривичниот законик не предвидува својство на оштетен. Во таков случај, конфискуваниот имот, станува сопственост на државата, како што се случило“, посочи Димовски.

Судењата за овој предмет поминаа со караници и низа докажувања. Боки 13 му посочуваше на Камчев парите да ги бара кај обвинителката Вилма Русковска која го водеше случајот „Рекет“. Камчев пак, објаснуваше како ги дал парите, во колку наврати, од каде биле извадени. Ексспецијалната обвинителка Катица Јанева посочи дека ниту во кривичниот предмет „Рекет“ не била гонета дека земала дел од милионот. Караници имаше и кога сведок беше Кристина Камчева-Стојческа, сестра на Орце Камчев. Во тужбата беше опфатен и Зоран Милески-Кичеец, за кого Камчев ја повлече тужбата.

На пресудата, бизнисменот Јордан Камчев, има право на жалба.

Би можело да ве интересира

Апелација ја укина пресудата за „Меѓународен сојуз“, случајот се враќа на повторно судење

Одбраната на Боки 13 бара укинување на пресудата за „Меѓународен сојуз“

Бојан Јовановски: Со оваа здравствена состојба не можам да бидам во затвор

Боки-13: Прво селфи во слобода по четири години затвор

Горан Наумовски

Боки 13 пуштен на слобода: Затворската казна во прекин поради лошата здравствена состојба

Александар Тодески

Боки 13 уште е во болница, Апелација ја одложи јавната седница за „Меѓународен сојуз“

Катерина Ѓуровски