А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: Кристијан Ландов
Македонија

Боки 13 и договара операција на Јанева кај Камчеви, таа вели дека е изморена: Нејќам такви работи, друг пат ќе правиме муабет за тоа

by Кристијан Ландов13/02/2020 - 14:0613/02/2020 - 14:371163
Share0

Во разговорот кој беше презентиран во судницата, се слуша како Бојан Јовановски договара операција за Катица Јанева. Тој на почетокот од снимката вели дека Јанева требала да се оперира кај Жан Митрев, а потоа и се јавува на експсецијалната обвинителка и и кажува дека ќе се префрли цела операциона сала во болницата „8 Септември“ за да се изврши зафатот. Но, Јанева и вели дека е изморена од тоа и дека друг пат ќе прават муабет.

Добивај вести на вибер

„Катица требаше да се оперира кај Жан Митрев“, вели Јовановски, а Камчева сугерира дека може кај нив во болница, но Јовановски не се согласува поради тоа што медиумите ќе дознаеле и ќе се создадела фама.

„Нема смисла да го изгориме тој доктор. Го сакам како персона“, вели Ана Камчева.

Јовановски се јавува кај Јанева и ја вклучува на спикерфон, објаснувајќи за што зборуваат со Камчев, Камчева и Милески.

„Они би организирале се за во „8 Септември“, се да се заврши, цела операциона сала ќе ја префрлат таму“, и кажува Јовановски на Јанева, а таа пак, вели „Веќе сум изморена од тоа. Не треба ништо. Нејќам такви работи. Не познавам никој од нив. Друг пат ќе правиме муабет за тоа“.

„Ќе ја убедиш бе во Италија или Бугарија, ќе отиде“, му вели Милески на Јовановски, а добива поддршка од Ана Камчева која сугерира Јанева да не се оперира во „Жан Митрев“.

„Многу повеќе сум зборувал за тебе, него ти што мислиш“, му вели Јовановски на Камчев.

Дуковски како бранител на Јовановски приговараше на автентичноста на снимките, бидејќи не се знаело од кога е снимката и немала врска со обвинението.

reket

Би можело да ве интересира

Полицијата уапси турски државјани кои рекетирале сонародник, од жртвата барале 40.000 евра

Горан Наумовски30/09/2025 - 10:5530/09/2025 - 10:57

Сакал да го рекетира градоначалникот на Неготино, па му пишувал смртни закани

Горан Наумовски21/09/2025 - 09:4521/09/2025 - 12:13

Истражителите уапсија рекетар од Битола: Од познаник сакал да земе 2.000 евра

Горан Наумовски15/09/2025 - 11:5215/09/2025 - 12:02

Уапсени се двајца скопјани кои изнудиле 300.000 евра од кумановец во период од осум години

Горан Наумовски05/08/2025 - 17:26

Охриѓанка за четири години од жртва земала 731.000 евра

Горан Наумовски30/04/2025 - 16:58

Двајца мажи барале 5.000 евра „рекет“ од стоматолог

Горан Наумовски08/03/2025 - 09:47
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен