Боки 13 го праќа „Рекет“ пред Стразбур: Не им се плашам, сите ќе одговараат за злосторничко здружување на извршната и правосудната власт

Од:

Бојан Јовановски-Боки 13 за „А1он“ преку неговиот адвокатски тим, најавува дека правдата за „Рекет“ ќе ја бара пред Меѓународниот суд за човекови права во Стразбур. Ова доаѓа откако Врховниот суд нему му ја потврди деветгодишната затворска казна за предметот, а на Катица Јанева и ја потврди седумгодишната затворска казна. Тој вели: „Властите, би дозволиле да се сруши судот, но не би дозволиле по ни една цена да се врати предметот на ново судење“.

dobivaj vesti na viber

„Со оглед на тоа дека во целиот изминат период многу прецизно фактолошки и јасно ги зборував сите околности поврзани со нашиот дерогиран правосуден систем оваа одлука за мене беше очекувана од страна Врховниот суд, дотолку повеќе што истиот суд тој Врховен суд го донесе несреќното правно мислење со кое го ослободи Камчев. Доколку врховните судии беа на висината на својата задача неспорно ќе ги увидеа сите повреди што ги зборувавме како јас така и другата одбрана во текот на целиот минат период, сторени во кривичната постапка, па доколку судеа по право и закон денеска ‘Рекет’ ќе беше паднат. Со оглед на тоа дека врховните судии дефакто се покажа дека одлучуваат по политичка волја за да денешната власт покаже некаква си имагинарна правда – резултатот е срамен“, се вели во одговорот на Јовановски-Боки 13 кој го испрати до „А1он“ преку неговиот адвокат Сашко Дуковски.

Тој тврди дека никогаш не зел никакви милиони за кои е осуден, а вистината за случајот, како што вели Боки 13, ќе се дознае кога ќе се создадат соодветни правни и политичко-општествени услови. Осудениот посочува и: „Советот на врховните судии кои денеска ја донеле оваа одлука, наместо врховни судии станаа врховни слуги на власта. Нивната одлука ја доживувам како продолжена одлука на нарачателите за предметот ‘Рекет’. Апсолутно не им се плашам, најавувам борба и на крајот сите ќе се срамат и одговараат за злосторничкото здружување на извршна и правосудната власт, за тоа имам несоборливи докази“.

„На очиглед на целата јавност најавувам дека правдата ќе ја барам пред Меѓународниот суд за човекови права во Стразбур поради тоа што во овој момент преку вашиот медиум изразувам целосна недоверба во било која судска инстанца бидејќи нивната тенденција кон мене е очигледна. Ќе ги искористам и сите други вонредни правни лекови кои ми стојат на располагање и во оваа држава со надеж дека ќе се променат околностите и дека во оваа држава ќе завладее правото Изјавувам, дека ќе ја барам правдата бидејќи го негирам делото за кое се сум осуден и во исто време, без никаква двојба изјавувам дека никогаш не сум земал никакви милиони од наводниот сведок, Јордан Камчев“, се додава во одговорот за „А1он“ даден од Јовановски преку адвокатскиот тим.

Осудениот е дециден дека предметот „Рекет“ немаше да постои доколку се судело по слово на закон и важеле законите предвидени од законодавецот. Боки 13 посочува дека суштествените повреди се нотирани и од организации кои вршат мониторинг на судски предмети како што е „Коалицијата за правично судење“ која направи и правна студија.

„’Рекет’ немаше ниту да постои, со оглед на испреплетеноста на судската и извршната власт како систем на сврзани садови, бидејќи во овој фамозен и недокажан случај се испреплетени повеќе личности за кои што сум зборувал во писмата, па и на малите дечиња им е јасно дека позади овој случај се кријат многу посериозни лица, фактори и околности кои што се ќе направат само за да не се дознае вистината за случајот“, додава Јовановски-Боки 13 во одговорот преку адвокатскиот тим.

Би можело да ве интересира

Судењето за милионот одложено, сведоците не дојдоа, тужените бараа да се суди без нив

Ландов

Боки 13 остана пред судот, наместо на рочиште каде се бара да го врати милионот

Кристијан Ландов

Боки 13 за милионот: Камчев парите да си ги бара кај Русковска, јас не броев пари кај него

Кристијан Ландов

Боки 13 го испрашуваше Камчев, бизнисменот тврди дека не разговарал со Заев за „Империја“ туку за рекет од „1ТВ“

Кристијан Ландов

И „Идризово“ стана небезбедно: Управата вторпат одби интервју со Боки 13, побарана реакција од Тупанчевски

Кристијан Ландов

Што кријат пораките на Боки 13 со осум високи функционери, судијката треба да одлучи дали ќе се читаат

Кристијан Ландов