ВИДЕО: Боки 13 го донесоа кај Русковска

Од:

Осомниченот Бојан Јовановски – Боки 13 со бело полициско комбе точно напладне го донесоа во Обвинителствтото за гонење организиран криминал и корупција. Точно напладне тој треба да даде исказ или да одлучи и понатаму да молчи пред обвинителката Вилма Русковска.

Јовановски го спроведоа преку гаражата во Обвинителството.

Според Обвинителството, Бојан Јовановски преку тргување со влијание издејствувал преку Катица Јанева како тогашна шефица на СЈО, ослободување од притвор на осомничениот бизнисмен Орце Камчев во предметот „Империја“ и можност за спогодба.

Јанева е осомничена во предметот „Рекет” за злоупотреба на службена положба и овластувања. Јовановски, заедно со Зоран Милески Кичеец, се осомничени за примање награда за противзаконито влијание, а Јовановски и за перење пари.

Истекува рокот во кој по завршената истрага, ако нема спогодба, Обвинителството треба да покрене обвинение за случајот.

Би можело да ве интересира

Полицијата уапси турски државјани кои рекетирале сонародник, од жртвата барале 40.000 евра

Горан Наумовски

Сакал да го рекетира градоначалникот на Неготино, па му пишувал смртни закани

Горан Наумовски

Истражителите уапсија рекетар од Битола: Од познаник сакал да земе 2.000 евра

Горан Наумовски

Уапсени се двајца скопјани кои изнудиле 300.000 евра од кумановец во период од осум години

Охриѓанка за четири години од жртва земала 731.000 евра

Двајца мажи барале 5.000 евра „рекет“ од стоматолог