Боки 13 донесен на Ургентниот центар

Од:

Осомничениот за рекет, Бојан Јовановски, познат како Боки 13, е донесен на Ургентниот центар во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Боки 13 побарал да му се направи контрола како подготовка за веќе закажаната втора операција, а судот му одобрил, па денес, со полициска придружба тој чекаше ред за преглед на Ургентниот центар. Боки 13 е во затворот во Шуто Оризари од 16 јули кога му беше одредена мерка притвор од 30 дена.

„Тој има право како притворено лице да побара и да му биде одобрено да изврши преглед. Во случајот се работи за контрола за закажана операција. Побара прегледот да му биде извршен во приватна болница, но судијата одобри за државната болница. Доколку не може во државната болница, тогаш дополнително судот повторно ќе треба да одлучува дали ќе дозволи тој да се прегледа во приватната болница, каде што треба да биде опериран“, изјави Есад Рахиќ, директор на затворот КПУ „Скопје“ за „А1 он“.

Основното јавно обвинителство отвори постапка против Боки 13 и Зоки Кичеец поради сомневање за рекет од 8 милиони евра. На Боки 13 на товар му се става уште едно дело, тргување со влијание, бидејќи, според ОЈО, влијаел врз обвинител за да олесни постапка против лице осомничено во предметот „Империја“.

„А1 он“ објави дека против неформалниот сопственик на „1ТВ“, Бојан Јовановски, е поведен спор поради неплатена здравствена интервенција во една приватна скопска болница.

Би можело да ве интересира

Апелација ја укина пресудата за „Меѓународен сојуз“, случајот се враќа на повторно судење

Одбраната на Боки 13 бара укинување на пресудата за „Меѓународен сојуз“

Бојан Јовановски: Со оваа здравствена состојба не можам да бидам во затвор

Боки-13: Прво селфи во слобода по четири години затвор

Горан Наумовски

Боки 13 пуштен на слобода: Затворската казна во прекин поради лошата здравствена состојба

Александар Тодески

Боки 13 уште е во болница, Апелација ја одложи јавната седница за „Меѓународен сојуз“

Катерина Ѓуровски