Додека обвинителката Вилма Русковска даваше изјава пред судот, по завршувањето на рочиштето, од зградата во придружба на полицијата беше изнесен Бојан Јовановски познат како Боки 13 кој доби 30-дневен притвор.
Тој поминувајќи и погледувајќи кон обвинителката рече „Извинете што ве прекинувам во вашите лаги“.
Русковска беше запрашана од новинарите, дали коментарот на Јовановски се однесува на неа, по што рече „Па не знам. Во моментот и вашата колека зборуваше, може на неа се однесува“.
Боки 13 беше уапсен на граничниот премин „Богородица“, при обид за бегство од државата.
Тој доби 30-дневен притвор како осомничен во истрагата на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.