Осомничениот за „Примање награда за протизаконито влијание“ и за перење пари, Бојан Јовановски познат како Боки 13 денеска со уште тројца пријатели за малку ќе избегал од државава.
Тој бил лоциран кај Гевгелија, како со голема брзина вози џип кон границата, каде и конечно бил сопрен.
Според извори од истрагата, Боки 13 во возилото бил со негова блиска пријателка, позната ТВ водителка од национална телевизија и водител на шоу од 1ТВ. Во џипот била уште една вработена во телевизијата.
Според нашите извори Боки 13 бил следен долго време од страна на истражните органи, а во обидот да избега бил лоциран според базната станица во близина на Гевгелија и запрен на пасошка контрола на граничниот премин „Богородица“.
Истите извори тврдат дека во неговата торба биле пронајдени 5.000 евра во кеш.