Бојковска: СДС бара да се скратат спортските субвенции зa 334 милиони денари

Од:

На денешната Комисија за финансирање и буџет во Собранието, се обрати пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Драгана Бојковска која на самиот почеток истакна дека пратениците од СДС по вчерашниот поднесен амандман за кратење на спортските субвенции од 300 милиони денари, денеска имаат барање за истата ставка и тоа со кратење на средствата за дополнителни 34 милиони денари.

„Работите се денеска многу појасни за македонската јавност, по вчерашниот амандман којшто беше поднесен, голем број на спортисти исто така и реагираат со коментарите дека тоа е срам којшто се случува, да се скратат средствата за спортските субвенции. Ако вчера со амандман од СДС имавме барање да се намалат спортските субвенции од 300 милиони денари, денеска имаме барање од истата ставка да се скратат средствата за уште 4 милиони денари, од оние претходно побарани 300 милиони денари“, објасни Бојковска и додаде:

„Следува уште еден амандман од истата оваа ставка од 30 милиони денари, или почитувани граѓани за кратење од спортот и спортските субвенции, СДС бара да се скратат средства во Буџетот од вкупно 334 милиони денари. За мене тоа е голем апсурд, и голем срам бидејќи напротив треба да поттикнуваме развој на спортот, спортистите и спортските објекти токму со овој Буџет којшто го разгледуваме сега, имаме големи вложувања и во спортската инфраструктура“.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Стојаноски: Филипче сакал да му ја земе болницата на Жан Митрев, Обвинителство веднаш да го истражи случајот

А1он

(ВИДЕО) Филипче: Се потврди сè што говоревме, ВМРО е во паника по акциите на САД и Законот за Западен Балкан

Горан Наумовски

СДСМ: За криминалната ВМРО членството во НАТО е „срам за граѓаните“

СДСМ: ВМРО намерно ги стопира ЕУ интеграциите

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е на страната на Мадуро, молкот на СДС е одбрана на криминалот и диктатурата

ВМРО-ДПМНЕ: Политичка тишина, СДСМ не реагира за апсењето на венецуелскиот лидер