ВИДЕО: Бојан Јовановски со лисици донесен на распит во Кривичен суд

Од:

Првиот човек на 1ТВ и неформалниот директор на БМЈ медиа груп, Бојан Јовановски познат како Боки 13 со лисици на рацете, во придружба на полицијата, беше донесен на распит во Кривичниот суд, откако попладнево беше уапсен на граничниот премин „Богородица“.

Јовановски е првоосомничен во најновата истрага на Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција. Јовановска заедно со Зоран Милевски Кичеец е обвинет за примање награда за противзаконско влијание како и за перење пари.

Шефицата на Одделот за гонење организиран криминал, Вилма Русковска, на прес-конференција денеска најави дека за двајцата осомничени обвинителството ќе бара притвор.

Според предистрагата, во периодот од април 2018 до април 2019 година тие барале рекет од бизнисмен, за преку извесен јавен обвинител на кој не му беше соопштен идентитетот, да биде олеснета постапката што се води против него. Од бизнисменот биле барани 8 милиони евра, а добиле 1,5 милиони евра.

Би можело да ве интересира

Апелациониот суд Скопје ја објави пресудата за Боки 13

Катерина Ѓуровски

Апелациониот суд ја преиначи пресудата за Боки 13 во случајот „Рекет“

А1он

Боки 13 ги отфрла наводите за пријавата за загрозување на сигурноста, демнење и лажно пријавување

Катерина Ѓуровски

Апелација ја укина пресудата за „Меѓународен сојуз“, случајот се враќа на повторно судење

Одбраната на Боки 13 бара укинување на пресудата за „Меѓународен сојуз“

Бојан Јовановски: Со оваа здравствена состојба не можам да бидам во затвор