(ВИДЕО) Јовановски до Русковска: Корумпирана обвинителке, Господ ќе ти врати

Од:

Со изложување детали за здравствената состојба на Бојан Јовановски – Боки 13 почна судењето за случајот „Рекет“, каде што денеска треба да се слушаат снимките обезбедени од сведокот, бизнисменот Орце Камчев.

Со повишен тон и мавтајќи со медицинска документација, Јовановски рече дека има рак на желудник на 33 години и ѝ се обрати на обвинителката Вилма Русковска со зборовите „вршите тортура врз мене, корумпирана обвинителке!“.

Тој беше отстранет од судницата па повторно вратен.

Јовановски пред судот рече дека не се чувсувтва добро, дека бил на гастроскопија каде му бил утврден малигнитет на желудник, а кога судијката рече дека ќе повика брза помош во судницата, тој одби, велејќи дека ќе му дадат дијазепам, а тој не сака да му се суди додека е под седативи.

Апелацискиот суд во понеделникот ја одби жалбата на Јовановски за укинување на мерката притвор.

Би можело да ве интересира

Полицијата уапси турски државјани кои рекетирале сонародник, од жртвата барале 40.000 евра

Горан Наумовски

Сакал да го рекетира градоначалникот на Неготино, па му пишувал смртни закани

Горан Наумовски

Истражителите уапсија рекетар од Битола: Од познаник сакал да земе 2.000 евра

Горан Наумовски

Уапсени се двајца скопјани кои изнудиле 300.000 евра од кумановец во период од осум години

Охриѓанка за четири години од жртва земала 731.000 евра

Двајца мажи барале 5.000 евра „рекет“ од стоматолог