Во Јавното обвинителство за организиран криминал и корупција на распит денеска треба да биде спроведен првоосомничениот за случајот „Рекет“ Бојан Јовановски – Боки 13, кој се наоѓа во притвор во КПУ Затвор Скопје.
Бојан Јовановски на 15 јули годинава беше приведен заедно со второосмоничениот Зоран Милевски, и на двајцата им беше одреден притвор.
Во изминатиот период во врска со овој случај во Обвинителството беа повикани бизнисменот Силјан Мицевски, водителката Лила Филиповска и пратениците Фросина Ременски и Александар Кирацовски, претседателката на Собранието на Меѓународниот сојуз Агапи Дика и бизнисменот Зоран Азманов.
Поранешната шефица на СЈО Катица Јанева, која исто така, се наоѓа во притвор исказ ќе дава во вторник.
Во случајот „Рекет“ што го отвори Обвинителството за организиран криминал и корупција осомничени се Бојан Јовановски и Зоран Милевски-Кичеец, како и специјалната јавна обвинителка Катица Јанева. Сите тројца се во притвор.