(ФОТО) Бохула-село на сеништа, село каде времето застанало

Од:

Село Бохула, убав ноемвриски ден.

Тука како да застанало времето. Контраст од природните убавини отсликани во колоритниот пејсаж и човечката негрижа и индиферентност . Бохула,  во подножјето на Кожуф оставено е во прегратките на времето и милоста на природата.

Општината ги заборавила  овие луѓе . Преживуваат од плодови од смрека, садат по некое коренче овошки и зеленчук за да се прехранат и се потпираат врз она што мајката природа  ќе ги дарува. Срамежливо зборуваат за сиромаштијата, тешкиот живот и борбата за гол опстанок.

Селската чешма како споменик на голото постоење го отсликува нивниот човечки дух под забот на времето и заборавот.

Измачените раце на домаќинките месат леб и го печат онака како што сме читале во книгите за време на првата светска војна, во подница под вршник под отворено небо.

Овие луѓе живеат до извор, а вода немаат.
Сите со истите проблеми, ниту пензија ниту плата, сите бараат можност за еден подостоинствен живот.

Во Бохула нема џагор од мали деца, има само возрасни на чии изнемоштени лица секоја бора крие посебна приказна.

Грамада од  камење од некогашното училиште. Обраснато од трње и жбунови, сведок на некогашниот живот кој се одвивал на просторов.

„Дали и тука поминала портокаловата преродба? Дали и ова е дел од програмата во 100 чекори на власта? Дали и ова училиште спаѓа во обновените и реновирани училишта, со бесплатен интернет и компјутер за секое дете?“, револтирани прашуваа жителите.

Кандидатот за градоначалник од опозициската коалиција, Бетиан Китев, ги ислушанивните маки и проблеми, вети ќе ги вложи сите напори да го врати животот во овој рурален регион со прекрасна приородна убавина и огромен неискористен потенцијал за развој .

Би можело да ве интересира

Купи цело село во Шпанија за 310.000 евра

А1он

Авионот се користи според прописите, опозицијата шири сензационализам – реакција на Владата

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) СДСМ: Мицкоски со владин авион на море – работниците на протест со празни џебови

Катерина Ѓуровски

Филипче: Премиерот се луксузирал со владин авион на одмор додека нема пари за плати

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

(ВИДЕО) Филипче на Свети Трифун: Власта ги остави лозарите без поддршка

А1он