Богоевски размислува, а Груевски нема шанси за апанажа, бидејќи треба лично да достави барање

Од:

На Никола Груевски и Павле Богоевски кои поднесоа оставки од пратеничките функции им следува право на апанажа. Според Законот за пратеници, тие во рок од 30 дена по престанувањето на мандатот треба лично да поднесат барање до Комисијата за мандатно-имунитенти прашања.

Пратеникот Павле Богоевски, на прес-конференцијата од Собранието, кажа дека се уште не размислувал дали ќе поднесе барање. „Засега не сум размислувал за такво нешто. Ќе ве известам ако донесам таква одлука“, кратко одговори Богоевски на новинарско прашање .

Неизвесно е дека Груевски ќе може да бара апанажа, затоа што барањето треба лично да го достави, а во неговиот случај тоа е невозможно, бидејќи е азилант во Унгарија и не смее да ја напушта државата.

Груевски и Богоевски имаат право на апанажа во траење од една година, односно ќе примаат по 63.000 денари месечно колку што им била пратеничката плата.

Пратеник во Собранието може да остварува плата и по престанување на мандатот за време до една година и тоа: три месеци ако мандатот на пратеникот траел до шест месеци, девет месеци ако мандатот на пратеникот траел до 12 месеци и 12 месеци ако мандатот на пратеникот траел 24 месеци.

Пратеник може да остварува плата и подолго од една година, а најмногу уште шест месеци, доколку во тоа време стекнува право за старосна пензија. За време на остварувањето на ова право пратеникот нема право на други лични примања и надоместоци на трошоци“, се вели во членот 36 од Законот за пратеници.

Поранешните пратеници ќе имаат право и надоместок и за време на годишниот одмор. Ова право може да престане доколку лицата се правосилно осудени за кривични дела против државата или за кривични дела сторени од корист.

Габриела Димковиќ-Мишевска

Би можело да ве интересира

Собранието го донесе Законот за медиуми и други закони

Горан Наумовски

МЗШВ: Собранието го донесе новиот закон за вино, лозарите добиваат гарантирана откупна цена на винското грозје

Нов парламентарен состав до 28 мај

Катерина Ѓуровски

Последната седница на овој парламентарен состав ќе се одржи до крајот на месецов

Не е донесен Законот за игри на среќа, постапката заврши

Катерина Ѓуровски

СДСМ предлага отворање медицински факултет во Битола, ВМРО-ДПМНЕ смета дека нема услови