Богоев за интервјуто на Груевски: Ајде некој доктор, по можност психијатар да помогне

Од:

Стефан Богоев, пратеник и претседател на СДММ по интервјуто на Никола Груевски за “Република” реагира дека се што прави Груевски со обвинувањата сака да им го препише на другите.

– Зборува за платени протестирачи. Најверојатно мисли на фронтмените на контрапротестите на ГДОМ. Зборува и за мито за политичари. Верувам дека мисли за неговите 19 милиони евра од Кинезите за автопати.Зборува и за елита што ја фрлила Македонија финансиски на колена. Сигурно мисли на неговата елита која не направи шампиони во мизерија. Зборува и за насилство. Мора да мисли на убиството на Мартин Нешковски и 3-4 шамари за Жерновски…

Зборува и за криминални тендери. Се согласувам, сигурно мисли на плацовите на Водно и на Мерцедесот од 600 000 евра. На крајот, зборува за Заев и за Сорос. Сигурно мисли за него.
Ајде сега некој доктор, по можност психијатар да помогне. Кој синдром е ова? Се што правиш ти, да го припишеш на други? Не знам дали ова некаде во светот постои или и во ова сме шампиони!? Како и да е, дечко, ајде олади!”, е дел од пораката на Фејсбук до Никола Груевски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Тренчевска: Вториот ребаланс е комплетен фискален пораз на неодговорната политика на власта – последиците ги трпат граѓаните

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните

МОН со жесток одговор до СДСМ за „Стив Наумов“: „Четири ваши министри не успеаја да сврзат две цигли“