А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Богоев: СДСМ креира одржливи младински политики што го унапредуваат квалитетот на живот

by А1он19/10/2022 - 16:1419/10/2022 - 17:07123
Share0

Младинскиот активизам и вклучувањето на младите во процесите се двете константи што можат да доведат до вистински решенија за младите, порача потпретседателот на СДСМ Стефан Богоев на конференција во организација на Националниот демократски институт НДИ, на тема вклученост на младите во политиката.

Добивај вести на вибер

„И јас самиот доаѓам од политички подмладок. Имав чест и одговорност да ја предводам СДММ во време кога Македонија беше заробена држава, во период кога се кршеше режимот. СДММ е членка основач на Националниот Младински Совет на Македонија, тогаш ја продлабочивме соработката со граѓанскиот и младински сектор, а во 2012 заедно со младинските организации и иницијативи се боревме против штетниот Закон за млади и заедно успеавме.“ посочи Богоев.

Потпретседателот Богоев порача дека СДСМ во изминатите пет години има спроведено низа проекти кои го унапредуваат животот на младите, а многу од тие проекти се резултат токму на визијата и упорноста на СДММ.

„СДСМ има спроведено низа клучни проекти кои го подобруваат животот на нашите млади. Го укинавме екстерното тестирање, заедно се изборивме за намалена стапка на младинска невработеност, по 2.400 денари месечно за субвенциониран студентски оброк, младински додаток од 3.000 денари за млади до 23 години вработени во производство, зголемени ученички, студентски и постдипломски стипендии. Нашата држава е единствена земја во регионот којашто не е членка на ЕУ, а ја ја спроведува Гаранцијата за млади, мерка преку која се вработуваат и се дообучуваат млади лица. Ова се само дел од тие политики кои може да кажеме дека довеле до придобивки за младите“ заклучи Богоев.

На крајот, Богоев повика младите да бидат активни, бидат гласни, да се вклучат во носењето одлуки што обезбедуваат квалитетни услови за живот на младите во нашата држава.

sdsm

Би можело да ве интересира

СДСМ: САД најавуваат закон за санкции за Вучиќ во Србија, дали Мицкоски мирно спие?

Горан Наумовски19/12/2025 - 14:4119/12/2025 - 15:24

(ВИДЕО) Кузеска: Измените на Законот за странци нов доказ за вистината

Горан Наумовски19/12/2025 - 12:50

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Уставниот суд да ја поништи неуставната Резолуцијата, да го заштити Уставот и слободата на говор

Горан Наумовски19/12/2025 - 12:21

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината

Горан Наумовски19/12/2025 - 10:0719/12/2025 - 15:11

ВМРО-ДПМНЕ: Реформи и консолидација во СДС може да има само со превземање одговорност и оставка на Филипче

Горан Наумовски19/12/2025 - 09:06

СДСМ: Заедно со граѓаните и со опозициските политички партии отвораме фронт за правда

Горан Наумовски19/12/2025 - 08:33
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен