Богоев: Мицкоски ги организираше и Мицкоски треба да ги тргне блокадите во Скопје

Од:

Блокадите со кои ВМРО-ДПМНЕ ја држеше земјата во заложништво сега буквално ги гледаме по скопските улици со кои го заглавуваат градот, порача вечерва од Ѓорче Петров на трибината „Силно и одлучно кон иднината“ потпретседателот на СДСМ, Стефан Богоев.

– Одговорноста за блокадите и хаосот што му се случуваат на Скопје е единствено кај Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ. На сите им е јасно дека и градоначалничката и претседателот и мнозинството во Советот, но и директорите и членовите на управните одбори се поврзани со ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски. Единствено Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ можат да стават крај на тортурата што му ја прават на градот, но поради бизнис и лични причини тие продолжуваат да го блокираат Скопје. Доста беа блокади во Собранието, доста беа блокади во државата, доста беа блокади на евроинтеграциските процеси. Граѓаните и СДСМ бараат веднаш да прекине и блокадата на главниот град која што има име и презиме и виновници позади истата, порача Богоев, додавајќи дека заминувањето на Ленин Јовановски како еден од организаторите на протестите не може да го смени фактот дека целата режија за блокадите е на Мицкоски.

Претседателката на Форумот на жени, Јована Тренчевска пред присутните истакна дека за разлика од ВМРО-ДПМНЕ кои само блокираат, СДСМ на дело покажува што значи вистинска грижа за сите граѓани.

– Во време на најголема светска економска криза реализираме два пакета мерки за помош вредни над 760 милиони евра. Со вториот пакет, во овие четири месеци им помагаме на околу 200.000 граѓани си ниски примања, порача Тренчевска, додавајќи дека со Буџетот за 2023 година обезбедени се средства за нов раст на пензиите од околу шест отсто.

Би можело да ве интересира

Филипче: За две години потрошувачката кошничка е покачена за околу 10.000 денари, а платите не мрдаат

(ВИДЕО) Филипче: Тажен почеток на училишната година, 3.000 помалку деца, 433 паралелки помалку, затворени 26 училишта

(ВИДЕО) Кузеска: Под радарот течат матни зделки на Мицкоски за дата-центри, а ВМРО-ОКГ со лаги ги прикрива

Горан Наумовски

СДСМ: Цените се до плафон – мерки од владата на Мицкоски нема

Горан Наумовски

Поповиќ: Одговорност од Тошковски по новиот скандал со фалсификувани возачки дозволи во МВР

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина