(ВИДЕО) Богоев: Граѓаните се најважни, да се пренаменат пари за да им се помогне

Од:

Собранието на Република Македонија попладнево ја продолжи расправата за Состојбата во подрачјата погодени од временските непогоди кои се случија на 6 август 2016 година во околината на градот Скопје.

Стефан Боговоев од СДСМ забележа дека институциите потфрлиле и затоа треба да има одговорност. Според него, институциите и законите не функционираат туку се се одвива по партиски наредби и затоа мора да има политичка, но и кривична одговорност.

За тврдењата дека имало големо невреме со дожд, посочи на сличното невреме лани во Речица кога исто така имаше жртви и штети. Според него, не е точно ниту тврдењето дека невремето на 6 август било појава што се случува еднаш на 1.000 години. Посочи на невреме што ја погодило Франција каде што наврнале 350 литри дожд за неколу часови, но надлежните се справиле со состојбата. Како одговорни институции за последиците од невремето во Скопско ги посочи УХМР, ДЗС и ЦУК.

– Не беа формира итни тимови за интеревнција, не се обезбедени резерви со храна по 5.000 илјади оброци за период од 30 дена како што предвидува законот, рече Богоев.

Тој му забележа на градоначалникот на Скопје Коце Трајановски дека се трошат огромни суми на проектот Скопје 2014, продолжува изградбата на Панорамското тркало, се најавува изградба на забавен парк, а не се прави канализациска инфраструктура.

СДСМ, рече Богоев, предлага неколку итни мерки: да се донесе одлука за запирање на непродуктивните трошоци, да се стопираат изградбата на Панорамското тркало и владиното рекламирање, да се пренаменат средства за обесштетување и санација на штетите и за превенција, на настраданите да им се даде итна помош по 3.000 евра независно од помошта што ја обезбедува Владата, како и итна евакуација на населението за да се изврши дезинфекција и чистење на домовите. Активностите, според СДСМ, треба да ги водат експерти и професионалци стручни во својата област, а не политичари.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Тренчевска: Бараме од надлежните институции да ги преземат сите мерки за заштита на жртвите и превенција на фемицидот

(ВИДЕО) Милевски: За навредите на Миленко кон жените бараме разрешување од ФК Вардар и реакција од ФФМ и клубовите

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче нема солза која не ја злоупотреби од родителите на починатите од Кочани

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ сее магла дека некој барал „убиство на Мицкоски“, ќе поднесеме кривична

Катерина Ѓуровски

Мицкоски: Опозицијата лаже за пожарите, се занимава со некрофилија и не прави ништо за да помогне

Катерина Ѓуровски

СДСМ бара оставка од Тошковски поради убиството во Велес

Катерина Ѓуровски