Богоев: Да ја искористиме шансата, членството во ЕУ носи повеќе пари, нови работни места и повеќе шанси за младите

Од:

Потпретседателот на СДСМ, Стефан Богоев денеска заедно со Роберт Бекироски беше меѓу граѓаните на Шуто Оризари.

– Благодарение на СДСМ и храбрите, државнички одлуки, денес како држава имаме силна поддршка од нашите сојузници. Пред нас е историска шанса што како генерација мора да ја искористиме. Сите политички чинители, а особено ДПМНЕ, мора да се приклучат на овој процес што е исклучително важен за нашата иднина. Ние како одговорна партија ќе продолжиме да ги повикуваме, откако се согласија на уставни измени, сега преку свои претставници да се вклучат во носењето на уставните измени – порача Богоев.

Во општина Сарај меѓу граѓаните беше секретарот за меѓународна соработка на СДСМ, Бојан Маричиќ.

– По 17 години во чекалната конечно ги започнавме преговорите со ЕУ, сега треба да направиме уште еден исчекор за да го забрзаме процесот. Сите знаеме што значи членство во ЕУ, тоа носи повеќе пари, нови работни места и повеќе шанси за младите. Сега е потребно да се обединиме сите, да ја споделиме одговорноста и да покажеме и дома, но и надвор дека сме сплотени околу европската иднина на државата. Со уставните измени ќе го забрзаме процесот на интеграција, со цел членството во ЕУ да го оствариме најдоцна до 2030 година – посочи Маричиќ.

Би можело да ве интересира

Ристески: ВМРО-ОКГ одбележа 4 години и 100 дена неработење во Аеродром

Предраг Петровиќ

СДСМ: Контролирано судство, повеќе од 80 дена без одговор за криминалните тендери

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ наложувале, а од Судски совет експресно, за само еден ден, разрешувале судии неподобни за тогашната власт

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Фрчкоски: Нема никаква реакција на криминалните тендери и скандалите на власта – над 80 дена сите молчат

А1он

СДСМ: За големите „патриоти“ мора и голем авион

СДСМ: Му се извинуваме на Орце Ѓорѓевски што му ја отворивме најболната тема