Богата програма за одбележување 70 години од ослободувањето на Скопје

Од:

Денот на ослободувањето на Скопје -13 Ноември годинава ќе биде одбележан со богата програма под мотото „70 години Скопје слободно чекори напред“.

Програмата за одбележувањето на 13 Ноември на денешната прес-конференција ја соопштија градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, директорот на Музеј на град Скопје, Љубица Кондијанова и раководителот на Секторот за јавни дејности на Град Скопје, Тања Балаќ.

Градоначалникот Трајановски најави дека освен традиционалните настани коишто се одвиваат за 13 Ноември – крводарителска акција на Црвен крст, фестивалот „Златно славејче“, финални борби и доделување на Златниот гонг, „Пинг-понг градско првенство на средни училишта на Град Скопје“, Меѓународниот детски ликовен конкурс, манифестацијата Го градиме својот град, ноќна атлетска трка „Низ улиците на Скопје“, Меѓународен шаховски турнир на слепи и лица со оштетен вид, се организирани и голем број манифестации како дел од големото одбележување на овој значаен празник за граѓаните на Скопје. Централната свеченост ќе се одржи на денот на празникот во МНТ.

– Во рамки на свеченоста по повод  Денот на ослободувањето на Скопје во Македонскиот народен театар свечено ќе им бидат додели наградите  на добитниците на „13 Ноември“, а во нивна чест и по повод празникот на Скопје, ќе биде одржана музичко – сценска  изведба „Скопје слободно чекори напред, истакна Трајановски.

Тања Балаќ информираше дека за овој јубилеен и значаен историски датум за Градот Скопје,  подготвена е програма, која содржи над 80  настани, во која годинава се вклучија и општините во Градот Скопје, основните и средните училишта, детски градинки, културни установи, невладиниот сектор,  спортски федерации и клубови. Музичко-сценската изведба  „Скопје слободно чекори напред“ е во режија на Наташа Поплавска,  а во неа ќе учествуваат врвни балетски и  оперски уметници и актери од Македонија – припадници на повеќе етнички заедници кои живеат во Скопје.

На 13 ноември  традиционално ќе бидат положени цвеќиња  пред Споменикот на ослободителите на град Скопје,  на платото  пред Владата на РМ и пред Споменикот на генерал Михалјо Апостолски на Градските гробишта во Бутел.

Освен овие активности годинава во програмата влегуваат и одбележување на повеќе  јубилеи и годишнини на средните училишта на Град Скопје,  како што се Никола Карев, Браќа Миладиновци, Васил Антевски-Дрен  и други пригодни сценско-музички програми во градинките и основните училишта, хуманитарни и еколошки акции и слично.

Централната програма ќе се одржи во соработка со Музеј на град Скопје кој е реализатор на програма и Арт Медиа кои се автори на сценската изведба, логото, видеоспотот и веб-страната и севкупниот визуелен изглед на промотовниот материјал.

Би можело да ве интересира

48-годишен скопјанец е пронајден мртов во стан

Трка на Дедомразовци во Скопје – учествуваа над 800 натпреварувачи

А1он

Семејно насилство во Скопје: 39-годишен маж ја нападна сопругата и својата мајка

Град Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита на воздухот

Скопје ја започна празничната „Новогодишна зимска бајка“

А1он

53-годишен скопјанец се повреди и почина на работното место

Горан Наумовски