Бочварски нема информации дали ќе биде дел од реконструираната Влада

Од:

Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски нема информации за дали тој ќе биде дел од најавената реконструкција на Владата и дали ќе остане прв човек во државата за ресорот транспорт и врски. При денешниот увид во завршните градежни работи на обиколницата Штип-Запад, која е дел од експресниот пат Штип, Радовиш, Бочварски посочи дека останува посветен на работата и реализацијата на проектите.

-Останувам посветен максимално да направам се за да се решат сите овие отворени прашања коишто ги имаме во делот на инфраструктурата. За мене најважно е да ги дадам со сите мои капацитети и со сите мои можности и можностите на Министерството и сите институции коишто ги раководи Министерството за транспорт и врски да направиме се во овој нареден период да сработиме што е можно повеќе, со цел да ги завршиме овие многу значајни проекти, пред притоа да паднат температурите и да не може да се работат градежните работи низ државата, така што правиме максимални координации и на терен и заедно со сите институции со цел да ги отклонуваме сите оние прашања коишто се отворен, вели Бочварски.

Посочи дека е задоволен заради тоа што во целиот овој изминат период успеале и да го завршат експресениот пат Штип-Радовиш, но и како што рече да го одглави се она кое што беше застанато на експресниот пат кон Прилеп, како и кон експресните патишта Ранковце – Крива Паланка и кон Кочани.

-Сметам дека друго многу значајно прашање што е важно за државата е дека државата останува на овој вистинскиот правец, на правецот кон евроатланските интеграции и структури. Се очекува во наредниот период да продолжат разговорите за зголемување на парламентарното мнозинство со што секако дека ќе се отвори простор и за Владата да продолжи со уште посилна динамика и да се затворат сите оние отворени прашања коишто ги имаме, потенцираше Бочварски.

Би можело да ве интересира

Лекорни ја избра својата нова „екипа“

Владата го раскина договорот за концесија на каменоломот во Страчинци

Владата на САД е блокирана за прв пат по речиси седум години

Горан Наумовски

Владата уште еднаш ја потврди својата дискриминаторска политика кон Албанците, велат од ДУИ

Горан Наумовски

СДСМ: Владата нема пари да ги покачи платите, а се луксузира на грбот на народот

Горан Наумовски

Владата одлучи: Се забранува за движење на територија на депонијата „Вардариште”

Горан Наумовски