Бочварски: Инвестираме во патната и комуналната инфраструктура во општина Крушево

Од:

Со 70 милиони евра директна помош за општините го реализираме најзначајниот проект за реконструкција на локалните патишта и улици во сите општини во државата. Преку разни буџетски програми правиме големи инвестиции во патната и комуналната инфраструктура и во општина Крушево, изјави министерот за транспорт и врски Благоја Бочварски при денешната посета на Крушево.

Бочварски, како што соопшти Министерството за транспорт и врски, заедно со државниот секретар Митко Трајчулески, градоначалникот на општина Крушево, Томе Христоски и директорот на Јавното претпријатие „Македонија Пат“, Беким Мемеди, извршил увид во реконструкцијата на улицата „Питу Гули“ и на проектот Транзит Крушево, чија реконструкција е завршена и е ставен на располагање на граѓаните.

-Со средства од Светска Банка во висина од 5,5 милиони денари започнавме со рехабилитација на улицата „Питу Гули“. Изведувачот е воведен во работа пред една седмица, а рокот за изведба е шест месеци. Очекуваме работните активности да бидат завршени до почетокот на 2022 година и улицата да биде пуштена во употреба. Дополнително, во однос на комуналната инфраструктура, почнуваме со изградба на кракот 1 и крак 2, со кои доведуваме дополнително водоснабдување на индустриската зона „Опаленик“, која е од големо економско значење за општината. Вредноста е скоро седум милиони денари, а средствата се обезбедени преку Буџетот на Република Северна Македонија. Очекуваме до јануари 2022 година работите да бидат завршени, информира Бочварски.

Тој се осврна и за проектите што преку Европската инвестициска банка и буџетот на Министерството за транспорт и врски се реализираа во изминатиот период во општина Крушево.

-Преку ЈП за државни патишта го реконструиравме регионалниот пат од Крушево до н.м. Сува Река, пат кој повеќе од четири децении не беше рехабилитиран. Се изгради водоводна линија за водоснабдување на н.м. Саждево, изградивме систем за фекална канализација во н.м. Норово и резервоар за питка вода во н.м. Борино, истакна министерот Бочварски.

Директорот на ЈП Македонија Пат, Беким Мемеди, пак, соопшти дека во соработка со Министерството за транспорт и врски ја завршиле реконструкцијата на Транзит Крушево, патен правец од клучно значење за Крушево, кој ја поврзува општината со останатите населени места и Пелагонискиот регион. Најави дека наскоро почнува и санација на свлечиштето на патниот правец Крушево – Сладуево.

Градоначалникот Христоски ја потенцираше поддршката што Крушево како локална самоуправа ја добива од централната власт и рече дека општината е лидер во аплицирање кон домашни и странски фондови и имплементација на проекти.

-Денес Крушево е поинакво и поубаво место токму поради реализацијата на многубројните проекти. Нашите напори во подготовка на аплцикации, издавање на одобренија на градба и подготовка на квалитетни проекти се клучот на сето тоа што го гледаме денес. Продолжуваме да ги решаваме проблемите на граѓаните, рече градоначалникот Христоски.

Би можело да ве интересира

Уапсен 73-годишен маж од Крушево – дома му нашле дрога, оружје и пари

Скопјани имаат најголеми, а жителите на Крушево најмали можности за здравствена заштита

Катерина Ѓуровски

Загинатите кај Крушево се од едно семејство – мајка и дете починаа, таткото и две деца повредени

СДСМ: Зечевиќ со млади социјалдемократи на коњички марш во Крушево

Солистички концерт на пијанистката Даница Стојанов во Крушево

Горан Наумовски

Извлечен брачен пар кој со возило заглавил во снежните наноси во крушевско

Катерина Ѓуровски