Блокиран сообраќајот на превојот Пресека

Од:

Поради излизгување на товарно моторно возило на коловозот, сообраќајот на планинскиот превој „Пресека“ е блокиран во двата правци, соопшти АМСМ.

На планинскиот премин Стража и на патниот правец крак Маврово – Маврово, поради врнежи од снег, попладнево од 15 часот превентивно е воведена забрана за движење тешки товарни возила, а од 18:00 часот задолжителна е зимска опрема за овој вид возила на патниот правец Делчево – граничен премин Делчево.

Како што соопшти АМСМ, на граничниот премин Деве Баир се чека околу 15 минути за излез од државата, а на останатите гранични премини нема подолги задржувања за влез и за излез од земјата.

Сообраќајот на сите државни патишта се одвива без забрани и застои, по влажни коловози, со остатоци од кашест снег на коловозот на повисоките планински места.

Снег со слаб интензитет паѓа во Тетово, Попова Шапка, Делчево, Смојмирово, Ресен, Железнец, Струмица, Павлешенци, Македонски  Брод, Ѓавато, Буково, Плетвар, Пресека, Маврово.

Врнежи со посилен интензитет има во Кичево, Гостивар, Крушево, Прилеп, Стража.

На коловозот наместа има остатоци од снег по интервенцијата на екипите од Ј.П. Македонијапат.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Гостивар – крак Маврово, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево и Виница – Берово, каде е можна почеста појава на одрони.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

Би можело да ве интересира

ДЗР: Одржувањето на магистралните и регионалните патишта во опасност поради сериозните финансиски предизвици на ЈП

Бочварски од Велес: Вложивме 1,1 милион евра за подобрување на локалната патна инфраструктура во градот

A1on

Сообраќајот на државните патишта во зимски услови, по наместа влажни коловози

(ВИДЕО) Новиот пат кон велешко езеро има променлива ширина, но во најголем дел таа е пет метри, тврдат од Државни патишта

A1on

Поради свлечиште во прекин сообраќајот на патот Крива Паланка – село Луке

Ана Ололовска

Нормализиран сообраќајот на патот Струмица – ГП-Ново Село

Ана Ололовска