„Блиц“: Заев го повикал Чедомир Јовановиќ да му биде советник

Од:

Премиерот на Македонија, Зоран Заев му понудил на лидерот на опозициската Либерално демократска партија на Србија, Чедомир Јовановиќ, функција на советник во својата влада, пишува српски „Блиц“.

Повикувајќи се на неименувани извори, весникот наведува дека на Јовановиќ му било понудено местото советник за регионални односи и европска интеграција.

Според „Блиц“, лидерот на ЛДП кој негува добри односи во регионот, сѐ уште не одговорил на понудата на Заев.

Весникот пишува дека тој на Заев му понудил создавање на регионална коалиција за мир во која покрај Србија и Македонија би влегле и претставници на Босна и Херцеговина и Црна Гора и „која би ја терала европската приказна и договорот на Белград со Албанците“.

Би можело да ве интересира

Владата ќе формира Национален комитет за заштита и безбедност на новинарите

(ВИДЕО) Младеновска: Владата плаќа 350 милиони евра годишно за камати, повеќе отколку за социјална помош

СДСМ: Нема субвенции, нема откуп, нема мерки – земјоделците се оставени на цедило

Горан Наумовски

ДУИ: Македонија остана надвор од плановите на ЕУ за проширување, одговорноста е на Владата

Левица: Владата на Мицкоски признава фискален неуспех – ги промаши проекциите, ги крати инвестициите и ја задолжува државата

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски