Блажевска: Нема изборен правилник што може да го сокрие слабото анемично новинарство

Од:

Новинарката Катерина Блажевска, новинарка од магазинот „Граѓански“ кој неодамна згасна, смета дека во моментов не постои новинарство и дека деновиве ќе се соочиме со новинарски дефицит.

„Се ќе се сведе на папагалски извештаи, овој рече ова, оној рече она. Објективната анализа на изборните програми на политичката култура или коректност одамна не постои и не гледам надеж дека сега ќе се случи тоа. Медиумите кои во наредниве денови ќе се обидат да одглумат дебата заради дебата, само карикатурално ќе потврди дека не постои дебата“, вели Блажевска на панел дискусијата по презентацијата на набљудувањето на Високата школа, поддржано од холандската амбасада.

Таа додаде дека не постои изборен правилник што ќе може да го сокрие слабото анемично новинарство.

Според неа, последните протести со меѓуетнички предзнак се протести зад кои стои директно политиката, каде жртви се медиумите.

Јасна Атанасова

Би можело да ве интересира

Поразот на Украина може да доведе до колапс на земјата и граѓанска војна

Филков: Без слободата на медиумите нема вистина, правда и одговорност

АВМУ: Вештачката интелигенција е голем предизвик за професионалните и независни медиуми

Владата апелира медиумите кои емитувале видео и фото материјали од погребот на жртвите да ги повлечат

Трамп ги затвора радиодифузерите „Гласот на Америка“ и „Радио Слободна Европа“?

A1on

Влада донесе предлог на Закон за изменување и дополнување на Законот за медиуми

Предраг Петровиќ