А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Блажески: ВМРО-ДПМНЕ најмалку може да зборува за културното наследство во Охрид

by А1он16/03/2013 - 14:2716/03/2013 - 18:44130
Share0

Вчера, на една од своите трибини, ДПМНЕ се дрзнаа да проговорат пред граѓаните на Охрид за некакво културно наследство. Пред да продолжат со нивните нереални ветувања, прво нека одговорат пред охриѓани на следниве прашања, па потоа сето тоа да го вметнуваат во некакви си нереални програми.

Добивај вести на вибер

За какво културно наследство расправаат кандидатот за градоначалник и неговите пулени, кога во Заводот за заштита на културно наследство нема вработено ниту еден активен археолог, посочи Дејан Блажески од Сојузот за иднина.

-Според нашите информации, а за огромна жал на охриѓани, Заводот за заштита со културното наследство деновиве е претворен и служи само како архитектонско биро за дизајнирање и печатење на политички флаери на ВМРО – ДПМНЕ, кои им служат во теков на изборнава кампања.

До кога дрквата Св. Богородина Перивлепта, црква со највредни фрески за културното наследство, ќе биде забулена и ќе личи на гулабарник?!

Кога ќе биде вратен во нормална состојба ѕидот на црквата Св. Богородица Болничка, кој беше срушен за потребите на тешката механизација?!

Во јавноста се фалат дека од Заливот на косите имаат голема заработувачка. Нека одговорат пред охриѓани колкава е заработувачката од Самоиловите тврдини, кои некој друг пред нив ги реконструираше, а денес, според жителите на стариот дел од градот се повеќе наликува нa дувло отколку на историски паметник?

Почитувани граѓани, ВМРО–ДПМНЕ најмалку може да зборува за културното наследство во Охрид. Тие го уништија цело културно наследство кое некој друг пред нив го негуваше и Со оглед на тоа дека оваа недела имаше огромен број неосновани прозивки од страна на ДПМНЕ, како и голем број деманти од наша страна, бараме телевизиски дуел во кој реално ќе ги соочиме делата, направеното, програмите како и идните перцепции за Охрид.

Сето тоа со една единствена цел, граѓаните да ја знаат вистината, да престанеме да ги оптоваруваме секојдневно како и да ја намалиме нивната конфузност кога треба да изберат што е најдобро за градот. Затоа, ги повикувам на јавно соочување вашиот кандидат за градоначалник со нашиот кандидат, вашиот носител на листа со нашиот носител на листа,вашиот портпарол со мене на Сојузот за Иднината, посочи Блажески.

Предраг Петровиќ

izbori

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Мицкоски: На следните избори „мекотелните политичари“ ќе заминат во историјата

Горан Наумовски01/04/2026 - 11:55

Вучиќ ги соопшти резултатите од локалните избори: Тоа е тоа 10:0

Горан Наумовски30/03/2026 - 07:1930/03/2026 - 09:21

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз

Горан Наумовски23/03/2026 - 14:26

Јанша не е среќен по поразот на словенечките избори

Горан Наумовски23/03/2026 - 07:3123/03/2026 - 07:31

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Горан Наумовски08/02/2026 - 13:50

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија

Горан Наумовски07/02/2026 - 21:09
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто