Блажески: ВМРО-ДПМНЕ донесе луѓе во Велгошти да викаат против Петрески

Од:

Александар Петрески не беше избркан од Велгоши каде имаше средба со граѓани велат од Здружената опозиција Сојуз за иднината во Охрид.

Дел од провладините медиуми објавија дека Петрески денеска при средби со граѓаните во селото Велгошти бил избркан од страна како што се наведува од незадоволните граѓани поради дадените, но неостварени ветувања во изминатите четири години.

Портпаролот на Сојузот на иднината во Охрид, Дејан Блажески рече дека дваесеттина млади луѓе биле донесени за да викаат против него.

„Внатре во салата имаше 400 луѓе наспроти 20 те млади луѓе кои беа донесени од надвор од страна на ВМРО-ДПМНЕ да викаат против Петрески. Тоа доволно зборува за нивниот пристап и нивната култура и начин на водење на кампања на овие локални избори. И покрај се ние до крај ќе водиме фер и демократска кампања“ рече за А1 Дејан Блажески портпарол на Здружената опозиција во Охрид.

Петрески предупреди дека врвот на валканата изборна кампања во Охрид која според него ја водела ВМРО-ДПМНЕ ќе кулминирала за време на викендот.

Би можело да ве интересира

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија

Радев најави предвремени парламентарни избори во Бугарија

СДСМ ќе го поддржи опозицискиот кандидат Валбон за градоначалник на Гостивар

Конечен извештај на ДИК за локалните избори 2025 – следуваат повторени избори во четири општини

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди на 2 ноември