Блажески: Нема компромис, како опозиција да му ја покажеме вратата на спорното бизнис лоби во Охрид

Од:

Дејан Блажески, советникот од Охрид, од редовите на опозицијата добил покана по повод Европската недела на мобилност-ден без автомобили, да испрати порака за зачувување на животната средина со возење велосипед по определена рута.

„Нормално, ниту имам намера да учествувам, ниту пак се срамам јавно да го бојкотирам ваквото лицемерно однесување. Впрочем, 363 дена се работи на уништување на Езерото, на Плаошник се дивее, Фамилијата и мафијата градат на ридот кај Канео, на ридот над Горица се направи невидена сеча, поминуваат планови од бизнис-поддржувачите на оваа власт за бетонирање на блатото, се планира уништување на Галичица, Медитеранска плажа во Лагадин, мала марина во езерото, уништување на трската, депонирање отпад во Мауцхер (читај: археолошко наоѓалиште). Драги граѓани, за жал, ова е вистината за поразителниот биланс од работата на актуелниот совет. Ги повикувам граѓаните да ја бојкотираат оваа лицемерна акција. Не горивото, туку локалното раководство е најголемиот загадувач на Охрид.Само за потсетување, бидејќи битката, сепак продолжува. Како опозиција, мора да му ја покажеме вратата на спорното бизнис лоби, кое беше носител на штетата во Охрид овие четири години. И тука нема компромис! Нема да дозволиме уште повеќе нивни послушници да инфилтрираат во опозициските редови“, вели Блажески во одговорот, потсетувајќи на својата изјава од пред една година.

Би можело да ве интересира

ЛДП за случајот со Ива Михајлова: Дали да го укинеме судството, кога институциите и онака не функционираат?

Чилиманов: Додека преспанските овоштари ги бројат загубите, Владата нема ниту план ниту решение за нивниот опстанок

ЛДП бара СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ да вратат 4 милиони евра што ги зедоа за финансирање на политичките партии

Предраг Петровиќ

ЛДП бара Владата да се огради од глорификацијата на Ратко Младиќ: „Нема место за величење на осудени за геноцид“

Цветановски: Нема ништо од една изборна единица, големите партии сакаат да го заштитат монополот

Зајкова: Целосна поддршка за „Сејф Сити“ од мене како пратеничка и од ЛДП

А1он