Благодарност од АРМ за досегашниот шефот на Канцеларијата на НАТО во Скопје

Од:

Претставници на АРМ меѓу кои и началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Горанчо Котески денеска со пригодна свеченост го испратија шефот на Канцеларијата на НАТО во Скопје, полковник Александар Александров.

Како што соопшија од ГШ на АРМ, генерал Котески  во обраќањето пред присутните на полковникот Александров му се  заблагодарил за соработката и за несебичниот и исклучителен ангажман за време на неговиот мандат како шеф на Канцеларијата на НАТО.

Според Котески, полковникот Александров во изминатиов период во голема мерка  придонесе да се унапреди комуникацијата со Алијансата,  нагласувајќи ја неговата поддршка во реализацијата на многу проекти од значење не само за АРМ, туку и за одбраната воопшто.

Полковникот Александров заблагодарувајќи се на соработката со ГШ на АРМ, истакна дека во припадниците на АРМ секогаш ќе гледа како на искрени пријатели, не криејќи ги неговите лични очекувања дека Република Македонија во најскоро време ќе стане полнопрапвна членка на НАТО, потсетувајќи на фактот дека нашата држава ги исполнува потребните стандарди за членство, се наведува во соопштението.

На свеченоста, на полковникот Александров му беше доделена средна плакета на АРМ, како и медал на НАТО за служба во НАТО операции на Балканот.

Генералот Котески му посака успех и продолжување на соработката со ГШ на АРМ и на новиот шеф на  Канцеларијата на НАТО, морнаричкиот капетан Румен Радев.

Би можело да ве интересира

Членовите на Постојаниот комитет на Парламентарното собрание на НАТO во „контрола“ на касарната „Илинден“

Сиљановска-Давкова: Безбедносните закани бараат големи вложувања во одбраната, напредните технологии и оружја

Горан Наумовски

Лафчиски: Нашето членство во НАТО е гаранција за мир и стабилност во земјата

Во сообраќајка се преврте возило на АРМ, едно лице е повредено

На воениот отпад во Ѓорче Петров се истепаа двајца војници на АРМ

Мисајловски: Условот од два отсто од Буџетот за одбрана е исполнет, 32 отсто одат на модернизација