Бизнисменот Силјан Мицевски пристигна на распит кај Вилма Русковска, каде ќе даде исказ за случајот „Рекет“. Тој ќе сведочи за парите кои ги уплатил на сметката од пензионерката Лилјана Тодоровска, која пак е членка на Меѓународниот сојуз чиј прв човек е Бојан Јовановски познат како Боки 13.
Мицевски ќе треба да објасни кој барал од него 720 илјади евра, за која намена и зошто наместо на сметката од Меѓународниот сојуз, тој ги уплатил кај скопската пензионерка.
Тодоровска сведочеше во Обвинителството за организиран криминал пред 10-дена. Претходно, изјави дека парите кои Мицевски ги уплатил на нејзината сметка ги подигнала од кеш, а потоа ги дала на друго лице од сојузот на Боки 13, но не кажа за кого станува збор.
За уплатата на авторскиот хонорар од страна на Мицевски, банката ја алармирал и Управата за финансиско разознавање, кои пак ги замрзнале парите. Но, откако бизнисменот потврдил станува збор за исплатен хонорар и платил данок, било дозволено парите да се подгнат.
Претходно, на распит кај обвинителката Русковска беше водителката Лила Филиповска. Како што дознава „А1он”, Лила Филиповска го привлекла вниманието на обвинителката Вилма Русковска откако биле забележани големите позајмици кои му ги дала на Бојан Јовановски.