Бизнис трка на македонски компании „Business Run 2016“

Од:

Штафетна трка за тимови од бизнис секторот во Македонија „Business Run 2016“ ќе се одржи на 16 октомври во Скопје.

Патеката е долга 8 километри, а компаниските тимови треба да бидат во мешан машко-женски состав од по четири члена.

За трката можат да се пријават сите компании, организации, институции, здруженија, дипломатски претставништва и субјекти кои припаѓаат на деловно-општествената заедница, а се регистрирани и вршат дејност во Република Македонија.

Најбрзите три тимови на „Business Run 2016“ ќе бидат наградени со златна, сребрена и бронзена штафета, како и со вредни подароци за тимот, а ќе бидат наградени и двајцата најбрзи поединци во машка и женска конкуренција.

Целта на трката е заедничко спортско, рекреативно и деловно дружење помеѓу компаниите, но и помеѓу вработените и нивните семејства, додека главна цел е да се покаже важноста на тимскиот дух, но и да се биде пример за своите колеги и деловни партнери.

Организатор на Business Run 2016 e здружението за спорт и рекреација Прв до врв од Скопје.

Сите заинтересирани своите тимови можат да ги пријават преку електронскиот формулар на веб страницата www.prvdovrv.mk. Нема ограничување за бројот на тимови што може да ги пријави секоја компанија.

Би можело да ве интересира

Семејно насилство во Скопје: Мајка е истепана од својот син

Муцунски: Скопје е подготвено за дијалог со Софија, но не и за учество во бугарската изборна кампања

Отстранет е одронот, повторно се вози во двете ленти на автопатот Скопје – Велес

Горан Наумовски

Мајка и две деца заглавени во една од полавените куќи во Гостиварско

45-годишен маж од Скопје е пронајден мртов во неговиот дом

24-годишниот Дарко Митровиќ го фати крстот во водите на Вардар во Скопје

Горан Наумовски