Битолските кандидати за градоначалници активно на терен

Од:

Кандидатите за градоначалник на општина Битола од сите политички партии, како и кандидатите поддржани од група избирачи денеска имаа интензивна теренска кампања.

Кандидатот за градоначалник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Талески денеска оствари средба со раководството на  општинската организација на Сојуз на борци на која потсети на поддршката што тој во континуитет и ја овозможува на боречката организација, за што доби и јавна благодарност.

– За разлика од порано, новото раководство на Сојуз на борци има одлична соработка со градоначалникот Владимир Талески. Потврда за тоа се поддршката за подигнување на неколку заборавени споменици, како и издавањето на книги и монографии кои ги овозможи општината, истакна претседателот на ОО на Сојузот на борци, Александар Трајковски.

Градоначалникот Талески потсети  дека безрезервно ја поддржал реконструкцијата на куќата на народниот херој Стив Наумов, но и други проекти, книги и монографски изданија на таа организација од различни автори.

Тој денеска потврди дека продолжува и инвестицискиот циклус во ЈП „Пазари“ каде ќе се изврши покривање на поголем дел од отворениот пазар и изградба на катна гаража. На средбата со претставници на ФК „Пелистер“, Талески истакна дека изградбата на две нови трибини на стадионот под Тумбе Кафе е од врвен приоритет бидејќи се обезбедени финансиски средства. – Битола тоа го заслужува бидејќи има најголем број на спортски таленти по глава на жител во Македонија, рече Талсеки.

Кандидатот за градоначалник од СДСМ Менде Диневски оствари средба со авто-такси превозниците во Битола на кои им вети решение за поорганизиран авто-такси превоз. Диневски информираше дека се сретнал и со претставници на Регионалната стопанска комора со кои разговарал за локалниот економски развој, а најави и гасификација на Битола.

Своите програмски определби во Битола ги претстави и партијата Демократска обнова на Македонија-ДОМ која ја промовираше иницијативата за „Зелена економија“.

– Во овие избори настапуваме под слоганот „Избери зелено-диши слободно“ затоа што сметаме дека треба да се зајакне гласот на „зелените“ советници. Треба да има некој што ќе се грижи за здрав живот, за „зелена економија“ и „зелени работни места“ и сето тоа да го прави со поголема толеранција, разум и соработка, изјави Поповска.

Независниот кандидат за градоначалник Јорго Огненовски на средбите со граѓаните најави решавање на еколошките проблеми во градот и конкретни решенија за почист воздух во градот и околината.

Средба со новинарите денес одржа и кандидатот за градоначалник поддржан од група избирачи Зоран Лазаревски-Паљо. Тој потврди дека тројца од кандидатите за градоначалник, како што рече, со највисок рејтинг, ќе имаат дебатна емисија која одложно ќе биде емитувана. Зоран Лазаревски-Паљо својата изборна програма ќе ја презентира утревечер во малата сала на Центар за култура во Битола.

Изборната кампања на кандидатите за градоначалник и членови на Советот на општина Битола продолжуваат вечер со граѓански средби во урбаните и месните заедници.

Би можело да ве интересира

Објавени се конечните резултати од изборите во Подгорица

Проруската владејачка партија прогласи победа во Грузија, опозицијата излегува на протести

Предраг Петровиќ

Бугарите викендов одат на седми предвремени избори во последните четири години, неизвесно е кој ќе биде иден мандатар

Анкети: Екстремно десничарската Партија на слободата на Австрија победи на изборите

ВИДЕО: Го натераа Џо Бајден да стави капа „Трамп 2024“

Единствена Русија прогласи победа на регионалните избори