Битолчанец загина во сообраќајна несреќа

Од:

Битолчанецот А.Б. на 34-годишна возраст го загуби животот во сообраќајна несреќа која вчера попладне се случи на патот Битола – граничен премин Меџитлија.

Од СВР-Битола информираат дека несреќниот настан е регистриран кај крстосница од селата Бистрица и Оптичари, кога патничко моторно возило „рено меган“ со битолски регистарски ознаки, управувано од битолчанецот излетало од коловозот.

На пат за Клиничката болница во Битола, возачот починал. По наредба на јавен обвинител телото било дадено на обдукција, а увид на местото извршила увидна екипа на СВР Битола.

Би можело да ве интересира

80-годишен Грк осомничен за убиството на ловочуварот кај Виница

43-годишна жена пронајдена мртва во стан во Кисела Вода

Ловочувар пронајден застрелан: прведени четворица, тројца се странци

Катерина Ѓуровски

Уапсен возачот кој синоќа усмрти пешак во Марино

Пронајдено женскo тело во распаѓање во Кочанско

Катерина Ѓуровски

Починато 18- годишно момче било донесено во болницата во Гостивар