Битолчанец загина во сообраќајка на патот Битола-Прилеп

Од:

Битолчанец загина утрово околу 05:25 часот во сообраќајна несреќа на магистралниот пат Битола – Прилеп кога возилото кое го управувал излетало од патот.

Во несреќата загинал 36-годишниот Г.Ј. кој се превезувал со патничко возило „комбе“. Од СВР-Битола информираа дека возачот од здобиените повреди починал на самото место.

-Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а во координација со Јавен обвинителтелото е предадено на обдукција, информира Секторот за односи со јавност на битолската полиција.

Извршен е увид на местото на незгодата од увидна екипа на СВР Битола.

Би можело да ве интересира

80-годишен Грк осомничен за убиството на ловочуварот кај Виница

43-годишна жена пронајдена мртва во стан во Кисела Вода

Ловочувар пронајден застрелан: прведени четворица, тројца се странци

Катерина Ѓуровски

Уапсен возачот кој синоќа усмрти пешак во Марино

Пронајдено женскo тело во распаѓање во Кочанско

Катерина Ѓуровски

Починато 18- годишно момче било донесено во болницата во Гостивар