Битиќи: Очекувам да бидат донесени потребните законски измени за воведување зелена еколошка такса

Од:

Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи се надева дека опозициските и сите останати пратеници во најбрзо време ќе ги донесат потребните законски измени за воведување на зелена еколошка такса.

– Дали тоа ќе биде за 15 дена или за еден месец, можеби е работа на денови, но мислам дека ќе бидат донесени и не верувам дека ќе се случи спротивното. Денеска видовме одличен систем кој дава слика колкав е диспаритетот во нашата земја меѓу регионите. Како земја, да имавме претходно доблест и разум, денеска немаше да зборуваме за 0,25 отсто инвестирање во регионите од БДП, туку ќе зборувавме за над еден отсто. Но, бидејќи тоа го немаме, ќе повикам на разум за еколошката такса затоа што значи инвестирање за нашите граѓани, а не инвестирање во што било, рече Битиќи во одговор на новинарско прашање по презентацијата на проектот Одржлив инклузивен рамномерен регионален развој (Си Ре Ра).

Според него, ако сакаме да живееме во подобро утре во кое ќе имаме позитивно влијание и подобар живот за сите граѓани, битен е секој денар, а токму еколошката такса е еден од изворите на финансирање на проектите што се од значење за граѓаните.

Битиќи посочи дека граѓаните сами ќе си кажат кој е планот „б“, доколку ВМРО-ДПМНЕ и Алтернатива го блокираат носењето на еколошката такса.

Во одговор на прашање за новата цена на електричната енергија што за два дена треба да ја соопшти Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), Битиќи рече дека очекува да нема зголемување поради фактот што ЕСМ понуди пониска цена од седум отсто во споредба со ланската.

– Сепак да почекаме уште некој ден пред РКЕ да го даде конечниот став, посочи Битиќи.

Владата неодамна до Собранието го достави предлогот за воведување на зелена еколошка такса од 3,5 денари по продаден литар за нафтените деривати. Се очекува таксата да биде воведена од 1 јули годинава и на годишно ниво во Буџетот да се влеваат околу 50 милиони евра, кои ќе бидат искористени за инвестиции во заштита на животната средина и енергетска транзиција која предвидува замена на фосилните извори на електрична енергија со обновливи

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Битиќи: Страшно е што јавниот долг ќе достигне 70.8 отсто, најголем досега во историјата

Горан Наумовски

Премиерот Мицкоски му се заблагодари на Битиќи за ангажманот за германската БМЗ груп

Горан Наумовски

Битиќи: Во најава е „Франкенштајн економија“, имаме тотална фискална деструкција

(ВИДЕО) Битиќи: Во среда да гласаме и да избереме заедништво и соживот

Битиќи: Први во регионот според слободата на медиумите – затоа да гласаме за бројот 1

А1он

Митева: Битиќи ја злоупотребил својата позиција како вицепремиер бара од компаниите да гласаат за него наведувајќи го бројот на гласачкото ливче