Билетот за рингишпилот – 45 денари?

Од:

Дечињата ќе треба да почекаат уште некој ден за да се повозат на новиот рингишпил, а цената нарверојатно ќе изнесува 45 денари, пренесува Курир. Во наредните денови ќе биде поставена билетарата и фискалната каса, а ќе се уредува и просторот околу новата содржина на плоштадот Македонија, за која од буџетот на град Скопје беа издвоени 160 илјади евра.

Директорот на ЈП Паркови и зеленило Душан Авировиќ, за Курир вели дека се уште не е одреден денот кога рингишпилот ќе биде пуштен во употреба.

– Има дополнителни работи кои треба да се завршат. Треба да се постави билетарата, да се уреди просторот околу рингишпилот, бетонот да се премачка со боја… Сакаме целосно да ги завршиме дополнителните работи, па да биде пуштен во употреба, изјави Авировиќ за Курир.

Цената на билетот се уште не е дефинирана, но најверојатно ќе изнесува 45 денари за едно возење.

Би можело да ве интересира

Малолетник повреден на рингишпил во Кавадарци

(ВИДЕО) Жерновски: Рингишпилот е синоним на панаѓур, од понеделник крај на лудилото

Ана Ололовска

ВИДЕО: Што би направиле со 160 илјади евра колку што чини вртелешката?

Емир Латифовиќ

(ВИДЕО) Анкета: Со вртелешката, Скопје стана Дизнеленд

Емир Латифовиќ

ВИДЕО: Рингишпил на плоштадот „Македонија“

Емир Латифовиќ

Твитер: В’тев, в’тев и уингишпил св’тев, уште 160 илјадарки за уингишпилот

Емир Латифовиќ