Билатерални средби на Попоски на маргините на 49. Минхенска безбедносна конференција

Од:

Министерот за надворешни работи на Република Македонија Никола Попоски, денеска на маргините на меѓународната Конференција за безбедносна политика, што по 49-ти пат, од 1 до 3 февруари се одржува во Минхен, оствари повеќе билатерални средби со негови колеги и државници од Европа.

Попоски, како што соопшти МНР, се сретнал со заменик министерот за надворешни работи на Израел, Даниел Ајалон, се разговараше за политичките односи со Израел, интересот за зајакнување на политичката и економската соработка и зголемување на трговијата меѓу двете земји. Министерот Попоски го информирале својот колега и за тековната состојба поврзана со клучните приоритети во надворешната политика на Македонија: членството во ЕУ и НАТО.

На средбата, пак, со министерот за надворешни работи на Луксембург, Жан Аселборн се разговарало за евроинтегративниот процес на Република Македонија.

Министерот Попоски остварил куса средба и со претседателот на Владата на Црна Гора Мило Ѓукановиќ.

Би можело да ве интересира

МНР: Почнува евакуацијата на македонските државјани од Блискиот Исток со чартер-летови

Горан Наумовски

МНР: Се подготвува евакуација на македонски граѓани од Израел

МНР предвиде 60 милиони денари трошок за евакуација на македонските граѓани од Блискиот Исток

Горан Наумовски

632 македонски државјани побарале информации за евакуација од погодените региони на Блискиот Исток

МНР: 473 македонски државјани контактирале ДКП во Тел Авив, Доха и Абу Даби

МНР: Над 400 сограѓани се заглавени во кризните подрачја, само 30 од нив сакаат да се вратат во Македонија