Билатерални средби на Димитриев во Виена – политичката криза да заврши со избори

Од:

Претседателот на Владата на Република Македонија, Емил Димитриев, на маргините на вчерашниот Самит „Миграцијата на балканската рута“ што се одржа во Виена одржа и голем број билатерални средби со дел од присутните европски лидери. Како што јавува дописникот на МИА од Виена, Димитриев се сретна со австрискиот канцелар Кристијан Керн, кој беше домаќин на Самитот, како и со претседателите на Владите на Унгарија, Виктор Орбан, на Словенија, Миро Церар и на Хрватска, Тихомир Орешковиќ.
 

 
Според информациите од овие средби, покрај главната тема миграцијата, која беше и целта на вчерашниот Самит во Виена, а за што соговорниците на македонскиот премиер му го пренеле задоволството од тоа како Република Македонија досега се справува со бегалската криза, исто така е разговарано и за унапредување на и онака добрите односи што македонската држава ги има со Австрија, Унгарија, Словенија и Хрватска.
 
Токму од овие четири земји-членки на Европската унија, Македонија доби најголема поддршка во справувањето со бегалската криза, а истите стандардно даваат поддршка и инсистираат на брза интеграција на Република Македонија во Европската унија.
 

 
– Од сите колеги од земјите-членки на Европската унија со кои се сретнав беше искажана недвосмислена поддршка за македонско членство во ЕУ. Исто така, тие ни даваат поддршка и во справувањето со мигрантите и очекуваат дека политичката криза во Македонија ќе заврши со одржување на изборите во декември. Според нив, во ситуација на мигрантска криза, Македонија со една стабилна Влада ќе може поквалитетно да се справи со предизвиците и ќе биде покредибилен партнер на Европската унија, бидејќи со многу посилен фокус и енергија земјата ќе може да се концентрира на оваа проблематика, изјави премеирот Димитриев по средбите во Виена.
 

 
Инаку, на вчерашниот Самит за бегалската криза во Виена, на кој беа присутни десет шефови на држави и Влади на земји долж западно-балканската мигрантска рута, меѓу другите присуствуваше и германската канцеларка Ангела Меркел, при што е договорено да остане целосно затворена рутата на која централна земја е Република Македонија, како и дека македонската држава е дел од конечното решение на оваа криза со која веќе две години се соочува европскиот континент.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Премиерот не е обвинител, ниту има право да ја злоупотребува својата позиција за политичка борба

Горан Наумовски

Во првите сто дена од новата влада Мицкоски најави проект во енергетиката, две инвестиции и проширување на други две

А1он

Џафери: Дали ќе одам во опозиција зависи од исходот на преговорите за нова Влада

A1on

Џафери за новите автомобили: Лизингот е поевтино решение, ако останат во Владата одржувањето ќе биде скапо

A1on

Ковачевски му ја предаде функцијата на Џафери: Повика сите министри да работат во интерес на граѓаните

A1on

Ирскиот премиер Варадкар во посета на Македонија

А1он